
ВИДЕО: 17 полицајци од Германија осомничени оти 10 месеци јаделе бесплатно колбаси
Седумнаесет полицајци од германскиот град Хановер десет месеци вечерале бесплатно колбаси. Германското обвинителство ги осомничи за корупција бидејќи прифаќале колбас бесплатно.
Инаку Currywurs е меѓу омиленото јадење во поголемиот дел од Германија.
Бесплатната вечера со колбаси траела најмалку десет месеци, а се сомничи дека со тоа предизвикале штета од над две илјади евра.
Поткупот најверојатно бил со цел да се добијат добри оцени на студенти запишани на курсевите за полицајци.