Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

AA

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во пролетниот рок.

– Кога ќе стигнат од финансиите сите потребни документи, ќе ги објавиме конкурсите, се надевам веќе во пролетниот рок што доаѓа, што повеќе луѓе да влезат, да се натпреваруваат меѓу себе и да бидат дел од Министерството за одбрана, односно од Армијата – рече Мисајловски.

Тој истакна дека интересот кај младите постои и дека офицерскиот кадар и специјалните единици се на високо ниво на обученост. Мисајловски додаде дека со зголемувањето на буџетот за одбрана ќе се создадат услови и за подобрување на статусот и примањата на припадниците на Армијата.

– Минатата година, од јануари, сите вработени во Министерството добија 30 отсто зголемување на нивните плати. Кога ќе се зголемува буџетот на Министерството, се разбира дека ќе гледаме и кадарот да биде подобро платен, и тоа можам да го ветам – рече Мисајловски.

Министерот, исто така, најави дека набрзо ќе има решение со кое би се задржале војниците кои што ќе наполнат 45 години, за да можат да продолжат да го даваат нивниот придонес во Армијата.

– Има иницијативи како да се задржат сите војници што ќе наполнат 45 години. Мислам дека набрзо ќе има решение, со кое ќе бидат сите задоволени, како да ги задржиме сите војници во Армијата, за да можат дополнително да дадат придонес – рече Мисајловски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
Македонија

Почина 16 годишно момче на скопските клиники – му се

26/07/2026
Македонија

Трагедија кај Градско: 81-годишен тракторист загина откако излетал од патот

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам утре водата во Гостивар повторно да биде технички

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44674
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време е одлуките да се носат

26/07/2026

Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026

Човечки череп и други предмети биле пронајдени во близина на македонско-албанската граница, во атарот на селото Лабуништа, соопшти Министерството за

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за жртвите од земјотресот

26/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска со порака на сеќавање и почит кон жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy