Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над глава
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над глава

17/02/2026

AA

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на Зајаска Река и сериозни штети. Сепак, условите таму се ограничени, а граѓаните во моментов немаат соодветни услови за одржување на лична хигиена и капење.

Екипите на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците: Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември, како и кај домовите покрај реките Треска и Зајашка. Поплавени се и земјоделски површини покрај речните корита во општината, соопшти Центарот за управување со кризи.

Градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, соопшти дека се прават напори да биде обезбедено решение за подобрување на хигиенските услови за сместените лица. Засега не е познато колку долго граѓаните ќе останат во спортската сала. При претходните поплави престојот траел околу една недела, но овојпат, поради поголемите штети, можно е да трае и до две недели.

Надлежните служби информираат дека на терен се работи со целокупната расположлива механизација. Најкритична е состојбата на улицата „Прилепска“, каде водата навлегла во повеќе домови, а трагите на ѕидовите достигнуваат височина и до два метра. Жителите денеска самостојно ја испумпува водата од своите куќи.

 

Иако Зајаска Река се повлече во своето корито, водостојот и понатаму е зголемен, што создава страв кај жителите од ново излевање. Во меѓувреме, потребни се ќебиња, вода и храна за лицата сместени во спортската сала. Надлежните апелираат донациите да се доставуваат преку Црвениот крст, со цел нивна организирана и транспарентна распределба.

Штети од невремето се пријавени и во Гостивар, Тетово и скопско Сарај. Според најавите на метеоролозите, врнежите од дожд се очекува да продолжат и во текот на целата седмица, што дополнително ја усложнува состојбата на терен.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy