Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Велигден е голем ден, голема радост, се е торжествено“, вели Митрополит г. Петар
Македонија

„Велигден е голем ден, голема радост, се е торжествено“, вели Митрополит г. Петар

16/04/2023

AA

Велигден е ден кога сè сјае и блеска во прекрасна светлина која небото ја разлева над целиот свет. На Велигден, во нас возрасните, сместена е детската разиграност и неизгаслива радост, а, пак, во децата и со децата, ангелите ја слават најголемата победа некогаш извојувана, истакна митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар пред верниците во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Велигден е голем ден, голема е радоста, голема е веселбата, се е торжествено, нагласи на утринската богослужба митрополитот г. Петар.


-Денес нема темнина, нема безнадежност, нема омраза, нема страдање, нема тага, нема болка… Денес има радост во нашите срца, денес ликуваат нашите души. Голем е овој Ден, голем е овој празник кој сега го празнуваме. Голема е радоста, голема е веселбата, сè е торжествено. Тоа го пропишал законот, тоа го извршил Христос. Со своите страдања, тој нè учи како да страдаме, а со своето славно Воскресение, ни дава можност како да се прославиме со Него, истакна митрополитот г. Петар во своето Велигденско послание до верниците од Битола.

Делото на овој ден е радост и веселба, да се зарадуваме и да се развеселиме, повика митрополитот г. Петар.


-Радоста и веселбата во овој Ден се заповед и без сомнеж единствената, преку чие исполнување, мракот се претвора во светлина, очајот во надеж, омразата во љубов, тагата во радост. Да бидеме светол украс на свадбената поворка која започнува од Христовиот гроб и завршува на небесата. Да го наполниме брачниот двор – храмот Божји и да земеме учество во ова величествено свадбено торжество, во кое сите се облечени во свадбени облеки и никој не се истерува од таму затоа што нема свадбена одежда. Да се насладуваме од велелепната и непресушна гозба која Господ ја приготвил за нас. Примете, црпете, вкусете сите, зашто таа изобилно ни се дава за живот вечен, нагласи митрополитот г. Петар честитајќи го големиот христијански празник Велигден.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
Македонија

СПОРТСКИТЕ САЛИ НЕМА ДА СЕ ДАВААТ НА ПРИВАТНИЦИ, ТУКУ НА

29/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВ ЗАКОН ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Со

29/10/2026
Македонија

18 УПЛАТИ ВО 4 ДРЖАВИ, ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА Кривична

29/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ И ГАШИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ПО ЕТНИЧКА

29/10/2026
Македонија

НЕПРИСТОЈНО Е ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА ЕУ ДА СТАНУВА ПРИБЕЖИШТЕ НА

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46441
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА Отстранета голема

29/10/2026

Отстрануваме голема опасност до куќите коишто се наоѓат веднаш под Тумбе Кафе во Битола, на неколку метри воздушна линија од

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО Ќе се користи преку М-услуги

29/10/2026

Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да се сменат повеќе закони и

29/10/2026

Најмалку шест месеци до една година ќе бидат потребни за спроведување на законските измени кои ќе им овозможат на полициските

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy