Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕПРИСТОЈНО Е ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА ЕУ ДА СТАНУВА ПРИБЕЖИШТЕ НА ОСУДЕНИ ЛИЦА Муцунски вели дека продолжува дијалогот со Бугарија
Македонија

НЕПРИСТОЈНО Е ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА ЕУ ДА СТАНУВА ПРИБЕЖИШТЕ НА ОСУДЕНИ ЛИЦА Муцунски вели дека продолжува дијалогот со Бугарија

29/10/2026

AA

Навистина е непристојно една земја членка на Европската Унија да станува прибежиште за оние што или се осудени за сторени кривични дела или се лица за кои има степен на сомнеж и се водат постапки во рамките на судовите во државата. Но, ќе бидам тука внимателен затоа што на линија на она што го кажа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, пред неколку дена – немаме интерес да си дозволиме да станеме дел од естрадата поврзана со оваа тема во Бугарија, која е поврзана и со претседателските избори, кои се во тек во таа држава, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во одговор на новинарско прашање за случајот со избеганата осомничена Ива Михаилова на заедничката прес-конференција со словачкиот министер Јурај Бланар, денеска во Скопје.

Муцунски рече дека и на средбата со Бланар било истакнато нашето очекување како земја кандидат за членство, дека и земјите членки на Европската Унија треба да ги почитуваат највисоките стандарди поврзани со владеењето на правдата.

Тој повтори дека билатералниот дијалог со Бугарија за евроинтеграциите ќе продолжи, кој вклучува и наша активна комуникација со претставници на земјите членки на ЕУ.

– Дијалог има и тој ќе продолжи. Пред неколку дена во Црна Гора се сретнав со францускиот министер за европски прашања, каде што, меѓу другото дискутиравме и за оваа тема. Денес тука е колегата Јурај, и ова беше една тема за коишто активно разговаравме, бидејќи нели сите одлуки поврзани со нашата европска интеграција, за нив е потребен консензус. Што значи било какво решение за коешто работиме со Бугарија да го постигнеме, коешто хипотетички би било на линија на нашите позиции, одржливо решение, е потребно да има консензус од сите земји членки. Така што дијалог со Бугарија има, дијалог со европските институции по ова прашање има и дијалог со сите земји членки на Европската Унија. Ќе продолжиме да работиме по тоа прашање, бидејќи ние по однос на европскиот пат немаме никаква алтернатива – рече Муцунски.

Тој посочи дека во моментов нема планирано средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова, но рече дека во декември ќе има повеќе формати, како што ќе биде средбата на министри за надворешни работи на НАТО, каде што ќе бидат заедно присутни.

– Очекуваме ние да бидеме домаќин на формат министри за надворешни работи соработка на земјите од Југоисточна Европа со Украина исто така во декември, така што верувам дека ќе има прилика да се сретнам со мојата колешка од Бугарија и отворено да разговараме и за европскиот пат, но отворено и да дискутираме за одредени прашања коишто нас како сосед и не само како земја кандидат, но и како земја рамноправен член во НАТО, за состојби коишто нѐ загрижуваат во однесувањето оттаму. Но денес тука ќе застанам бидејќи не ми е целта моја изјава да стане дел од политичка кампања во Бугарија – истакна Муцунски на заедничката прес-конференција со Бланар.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

18 УПЛАТИ ВО 4 ДРЖАВИ, ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА Кривична

29/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ И ГАШИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ПО ЕТНИЧКА

29/10/2026
Македонија

НЕПРИСТОЈНО Е ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА ЕУ ДА СТАНУВА ПРИБЕЖИШТЕ НА

29/10/2026
Македонија

НЕМА НИ „К“ ОД КРИМИНАЛ СО УНГАРСКИОТ КРЕДИТ, ПАРИТЕ СЕ

29/10/2026
Македонија

Полицијата нема да ги признава дигиталните документи, граѓаните мора да

29/10/2026
Македонија

БРАТИСЛАВА ЗАСТАНА ЗАД СКОПЈЕ Не смее да има двојни стандарди

29/10/2026
Македонија

ГОДИШНО 200 ДО 300 ЛИЦА ДОБИВААТ МОЗОЧЕН УДАР ВО МАКЕДОНИЈА

29/10/2026
Македонија

САНТЕ ПЛУС НАПЛАЌАЛА И ОД ПАЦИЕНТИТЕ И ОД ФОНДОТ Клековски

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46436
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

18 УПЛАТИ ВО 4 ДРЖАВИ, ШТЕТА ОД 14.000 ЕВРА Кривична пријава за измамник од Пробиштипско

29/10/2026

Осумнаесет уплати во четири држави и штета од 860.000 денари стојат зад необичен случај на измама за кој СВР Штип

МИЦКОСКИ И ГАШИ ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ГЛАСА ПО ЕТНИЧКА ОСНОВА ВО БРВЕНИЦА Премиерот очекува

29/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши денеска повикаа да не се гласа по етнична основа на вториот

НЕМА НИ „К“ ОД КРИМИНАЛ СО УНГАРСКИОТ КРЕДИТ, ПАРИТЕ СЕ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Мицкоски одговори

29/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашање ги отфрли обвинувањата на претседателот на опозициска СДСМ, Венко Филипче,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy