Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Величествено отворени Игрите во Париз: Олимпискиот оган го запалија Мари Жозе Перек и Теди Ринер
Спорт

Величествено отворени Игрите во Париз: Олимпискиот оган го запалија Мари Жозе Перек и Теди Ринер

26/07/2024

AA

На величествен начин, вечерва во Париз се отворени 33. Летни олимписки игри кои, ако се суди по почетокот, ќе бидат најспектакуларни во историјата.

Најголемата чест да го запалат олимпискиот оган имаа француските спортски легенди, атлетичарката Мари Жозе Перек, трикратна олимписка шампионка на 200 и 400 метри и џудистот Теди Ринер, исто така троен олимписки шампион и освојувач на вкупно пет медали.

Организаторот се погрижи церемонијата на отворање да биде апсолутно различна од се што е видено досега во 128-годишната историја на Олимписките игри. Од дефилето на учесниците во реката Сена, преку трансферот на олимпискиот факел, опфаќајќи ги најважните знаменитости на Париз, до палењето на олимпискиот оган, во балон кој лебди над француската престолнина.

Во примопредавањето на олимпискиот факел учествуваат голем број француски и светски спортски легенди, од Зинедин Зидан, преку Рафаел Надал, Надја Команечи, Серена Вилијамс и Карл Луис кои со брод го носеа огнот, до Амели Морезмо, Тони Паркер, Мари Амели ле Фур, Нантенин Кеита, Алексис Анкинан, Микаел Гигу и поранешната ракометарка на Вардар, Алисон Пино.

Финалето од церемонијата го зачини музичката дива Селин Дион со својот перформанс од Ајфеловата кула.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy