Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно било приведено, му биле изречени и мерки
Македонија

ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно било приведено, му биле изречени и мерки

05/11/2026

AA

Со цел да не се шират шпекулации и неточни информации кои ги има во јавноста, сакам да истакнам дека полицијата, односно МВР, во конкретниот случај соодветно реагираше и го институционализираше случајот, истакна денеска во СВР Струмица директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР Александар Јанев.

Во изјавата за медиумите тој ја изнесе и хронологијата на трагичниот настан во кој животот го загубија 17-годишната Билјана и нејзиното 21-годишно момче.

Според Јанев, од страна на сега починатата Билјана и сторителот претходно немало никакви евидентитрани записи во евиденцијата на базите во МВР, за каков било случај, вклучително и случај на семејно насилство.

– Првата пријава во врска со овие имиња се случила ноќта на 30 септември 2026 година во подоцнежните часови, кога сега покојната Билјана, жртва, тефонски пријавила во полициска станица дека има физички напад врз неа од страна на лице со кое била во љубовна врска. Веднаш по пријавата, односно максимум десетина минути по пријавата, полициски службеници од Гевгелија пристигнуваат во Богданци, излегуваат на лице место и ја наоѓаат веќе покојната Билјана, и вршат разговор со неа. Бидејќи се работи за малолетно лице, го повикуваат и родителот. По пристигнување на родителот жртвата е консултирана и е упатена на лекарски преглед, каде по насоки на јавен обвинител, истиот ѝ е укажан. По прегледот и на неа и на родителот им е укажано да дојдат во полициска станица и притоа цело време истите се обезбедени и закана по нивните животи нема – рече Јанев.

Во меѓувреме, појасни Јанев, се барал сторителот, сега исто така покоен и бил пронајден и приведен во полициска станица во Гевгелија. По полноќ Билјана, заедно со родителот, дошла во Станицата каде е составен записник за примање на кривична пријава.

– Сторителот веќе е лишен од слобода и со него се вршат разговори согласно нашите протоколи каде уште еднаш е консултиран надлежен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и каде по брифирањето на јавниот обвинител се добиени насоки лицето да биде пуштено и по документирање на случајот да биде поднесена кривична пријава во редовна постапка, напоменува во редовна постапка. Лицето по неколку часови е пуштено на слобода. Од страна на ОВР Гевгелија истовремено е известен и Центарот за социјална работа, каде исто така е составен записник – посочи директорот на БЈБ Јанев.

По документирање на случајот и по насоки на ЈО, од страна на ОВР Гевгелија поднесена е кривична пријава за сторено дело „Телесна повреда при вршење на семејно насилство“, а квалификацијата на делото била од надлежен јавен обвинител.

Кривичната пријава била прифатено од ЈО од страна на Судот, а на предлог на Центарот за социјални работи на 16 октомври 2026 година било подготвено решение за привремена мерка за заштита од семејно насилство, кое на 20 октомври било доставено до ОВР Гевгелија со што полицијата била известена дека за лицето има мерки на претпазливост.

-На 21 октомври во утринските часови според протоколите на полицијата бил подготвен план за безбедност на жртвата и начинот на извршување на изречената итна мерка за заштита на жртвата. Полицијата постапува според планот и протоколите, при што сакам да напоменам дека сега покојната Билјана и нејзиниот родител, односно татко, се контактирани и тие дале исказ дека сè е во ред и дека немаат контакти со сторителот, дека нема приближување од негова страна и дека мерката изречена од страна на судот целосно се почитува – додаде Јанев.

Заради сензитивноста на случајот и заради почитување на човечкиот момент во делот на семејствата, Јанев не сакаше да изнесе повеќе детали за тоа што понатаму ќе преземе полицијата во насока на расчистување на овој трагичен настан.

Во одговор на новинарско прашање дали е во ред делото од 30 септември да се квалификува како семејно насилство, директорот Јанев одговори дека како полиција може да се даде било каква квалификација на состојбата, но се работи за сензитивни случаи аспект на семејно насилство, бидејќи лицата биле во врска и живееле заедно, затоа делото било квалификувано како телесна повреда при вршење на семејно насилство, но лицата не биле во брак.

Директорот на БЈБ, Александар Јанев изрази длабоко сочувство на семејството, роднините и блиските и изрази жалење за трагичниот настан кој го потресе Богданци и целата македонска јавност, а од кој како луѓе и родители сите се згрозени.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ

12/11/2026
Македонија

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО

12/11/2026
Македонија

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД

11/11/2026
Македонија

ИСЛАМСКИОТ МЛАДИНСКИ ФОРУМ ЈА ОСПОРУВА ОДЛУКАТА НА ЕГИПЕТ ДЕКА СЕ

11/11/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ТОПОЛ ЈУЖЕН ВЕТЕР, СО БРЗИНА НАД 80 КИЛОМЕТРИ

11/11/2026
Македонија

СДСМ ТОЧНО ЗНАЕЛ КОЈ Е МАЦУРА, СЕ ПОКАЖА НЕГОВОТО ЛИЦЕМЕРИЕ

11/11/2026
Македонија

ПАРИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА ИМ СЕ НА СМЕТКИТЕ

11/11/2026
Македонија

АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НЕМАЛА СОЗНАНИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА КОИ

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46738
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ Скеле го попречило пристапот до

12/11/2026

Пет станбени згради на улицата Индустриска 1 во Скопје повеќе од 19 часа беа без електрична енергија поради дефект на

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО НЕВРАБОТЕНИ Вкупната стапка на невработеност

12/11/2026

Вкупно 1.026 магистри и 39 доктори на науки се евидентирани како невработени во Македонија, според податоците на Агенцијата за вработување,

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД НЕДОСТИГ НА ПРАВДОЉУБИВОСТ Граѓаните се

11/11/2026

Лошите резултати во правосудството не се поради буџетот на судството и обвинителството, смета премиерот Христијан Мицкоски. – Јас можам да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy