Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре
Економија

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

27/07/2024

AA

Комисијата за финансирање и буџет попладнево ја продолжи седницата за ребалансот на Буџетот. На вториот ден од општтат расправа, пратениците дискутираа околу намалувањето на буџетот на судовите и јавните обвинителства. Според пратениците на опозицијата, институциите од судската власта треба да имаат поголеми буџети, додека, пак, според владините пратеници овој буџет им е премногу со доверба од само два проценти кај граѓаните.

Пратеникот на „Европски фронт“, Сали Мурати нагласи дека како човек што доаѓа од правната фела изразува вознемирост и разочараност околу предложеното намалување на буџетот во судската и обвинителската власт, на Народниот правобранител и на Министерството за односи меѓу заедниците. Тој изрази поддршка за зголемување на буџетите на судовите и јавните обвинителства и најави дека има поднесено седум амандмани за ребалансот на буџетот.

-Ова намалување директно задира во функционалната и буџетската независност на судската и обвинителската власт. Како некој кој доаѓа од судството, морам да нагласам дека ваквиот потег е недопустлив и потенцијално катастрофален за нашиот правен систем. Судската власт и Јавното обвинителство се столбови на нашата демократија и владеење на правото. Од судската власт и Јавното обвинителство се очекува да обезбедат правда за сите граѓани, да ја заштитат законитоста, да се борат против криминалот и корупцијата и да обезбедат владеење  на правда. Како можеме да очекуваме успешно извршување на овие витални функции со намален буџет? – запраша Мурати.

Тој смета дека наместо да се намали, буџетот на овие институции треба да се зголеми.

– Како можеме подобрување на ефикасноста и квалитетот на правдата со намален буџет? Намалувањето на буџетот на Народниот правобранител е директно удар врз виталниот аспект на нашата демократија. Намалувањето на буџетот на оваа институција неизбежно ќе доведе до намалување на капацитетите за истражување на жалбите и поплаките на граѓаните, ограничувањето на теренската работа и директниот контакт со граѓаните, намалување на квалитетот на извештаите и годишните анализи, ограничување на можноста за обука и усовршување на кадрите. Како граѓанин и припадник на помалата заедница сум загрижен бидејќи ние целата концентрација на нашата моќ и нашите проблеми кон афирмирање и зголемување на буџетот на Министерството за односи меѓу заедниците. Бидејќи да сте во позиција на помала заедница и секој ден да бидете обесправени, а не можете во системот да бидете интегрирани како што треба, тоа Министерство е алатка и промотор на нашите прави и слободи. Со ваков буџет на Министерството ќе се загрози имплементацијата на важни проекти во интеграцијата и социјална кохезија – рече Мурати.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во репликата на излагањето на Мурати, истакна дека срамно е судии и обвинителите да дојдат во Собрание и пред пратениците да бараат повеќе средства, кога довербата кај граѓаните за нив е два проценти.

– Значи, дека 98 проценти не го одобруваат тоа што го прават, затоа што ништо не прават. Ама дошле да побараат повеќе средства затоа што им се нарушил комодитетот. И замислете кога зборуваме за повеќе средства и едните и другите бараат повисоки плати, ама за обвинителите и судиите, а не за стручната служба која работи таму и сметам дека тоа не е исправно. Замислете што се случува, кога ќе им го скратите буџетот кој што и така им е премногу бидејќи имаат само 2 проценти доверба, доаѓаат во Собранието и зошто се кратело и треба да им се овозможи нормално функционирање. Сега да направиме анкета, многу повеќе од 98 проценти не одобруваат ниту да имаат толку средства колку што имаат,затоа што за тие пари што ги земаат ништо и не даваат. Се сложувам дека треба да бидат независно, но господине Сали за тоа треба да покажат перформанси, за тоа треба да бидат задоволни граѓаните, да го расветлуваат криминалот, за тоа едните треба да создаваат обвиненија кои ќе бидат стабилни, а судиите да даваат пресуди. Како граѓанин на оваа држава кој не е задоволен од нивната работа, ќе гласам против предлогот да им  се обезбедат повеќе пари, бидејќи во мерит системот добивате колку за што ќе сработите – рече Стојаноски.

Општата расправа за ребалансот на Буџетот трае најмногу три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, шест дена. Вчера, на првиот ден од расправата, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон.

Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска ја прекина седницата и информира дека ќе продолжи утре во 12 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy