Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 556 ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ Исплатата на социјална помош започнува од 6 ноември
Македонија

АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 556 ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ Исплатата на социјална помош започнува од 6 ноември

05/11/2026

AA

Вкупно 556 пензионери денеска подигнале средства од своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, соопшти Народната банка. Станува збор за пензионери кои немаат платежни картички, а исплатата е извршена во филијалата во Битола.

Бројот на исплати бил поголем од првично планираниот, бидејќи банката ги услужила и граѓаните кои не добиле СМС-порака, но самостојно дошле на шалтерите.

„Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите беа услужени сите граѓани кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле да ги подигнат средствата“, се наведува во соопштението.

Пензионерите можеле да подигнат најмногу 20.000 денари, согласно со привремените ограничувања за располагање со средствата во период од две недели.

Народната банка информира дека денеска на сметките во „АЛТА банка“ се префрлени и средствата за социјална помош од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

„Со тоа се создадени услови исплатата на средствата за корисниците на социјална помош да започне од утре, 6 ноември“, се наведува во соопштението.

Филијалата во Битола утре ќе работи во 2 смени, а исплатите ќе продолжат и во сабота.

Надлежните очекуваат следната недела да започне исплатата и надвор од Битола, откако ќе завршат неопходните подготовки.

„Очекуваме по извршените подготовки, следната недела да се отворат шалтери и во другите градови“, соопшти Народната банка.

Оттаму додаваат дека продолжуваат активностите за постепено олеснување на пристапот до парите на граѓаните и компаниите.

„Народната банка продолжува со преземање активности за надминување на настанатата состојба и изнаоѓање соодветни решенија за постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите“, се наведува во соопштението.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно

05/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 556 ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ

05/11/2026
Македонија

СДСМ ОДИ ДОТАМУ ШТО ГИ ОБВИНУВА И ММФ И СВЕТСКА

05/11/2026
Македонија

НБРМ РАБОТИ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО АЛТА БАНКА Во

05/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА 2026 ГОДИНА Е ПОДОБАР ОД ПРЕТХОДНИОТ

05/11/2026
Македонија

НЕМАМЕ НЕДОСТИГ НА РЕФОРМИ, ТУКУ ПРЕОСТАНАТИ ПОЛИТИЧКИ УСЛОВИ Мицкоски истака

05/11/2026
Македонија

ЖЕРНОВСКИ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ЛАУРА КОВЕШИ ВЕЌЕ НЕ Е ЕВРОПСКИ

05/11/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ДРАГАН ПЕТРОВСКИ – ШТУКА Осомничен е како организатор на

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46602
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно било приведено, му биле изречени

05/11/2026

Со цел да не се шират шпекулации и неточни информации кои ги има во јавноста, сакам да истакнам дека полицијата,

СДСМ ОДИ ДОТАМУ ШТО ГИ ОБВИНУВА И ММФ И СВЕТСКА БАНКА Обвинувањата на опозицијата се

05/11/2026

Обвинувањата на опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг премиерот Хистијан Мицкоски го оквалификува како саботажа и удар врз

НБРМ РАБОТИ НА РЕШЕНИЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО АЛТА БАНКА Во следните 2 недели треба да

05/11/2026

Народната банка на Македонија активно работи да обезбеди услови сите пензионери што сакаат да се одјават од Алта банка, тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy