Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана – 2 милијарди евра!
Економија

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана – 2 милијарди евра!

21/06/2025

AA

Како што наближуваат локалните избори, така се чувствува поголема раздвиженост во опозициската партија. Имено, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој изминатиот период се почесто ги критикува политиките на власта, овој пат истакна дека ќе враќаме кредит за нешто што не постои, мислејќи на унгарскиот кредит.
„Мој народе веќе плаќаме камати за унгарскиот кредит од кој сеуште немаме добиено ништо, но наскоро ќе плаќаме пак камата за повторното МЕГА ништо.
Ќе враќаме кредит за нешто што не постои!

ВМРО-ДПМНЕ зема кредит од милијарди евра за пруга која уште не е ни нацртана.

Нема проект, нема траса, нема анализа – ама цената веќе е кажана: 2 милијарди евра!

Како? Зошто? Кој ја сметал таа бројка?

Се чини дека прво си ја сметале провизијата, па после проектот.

Никој од народот не е прашан, договор никој не го видел, ама сите ќе плаќаме камата – со наши пари, за нешто што уште не постои.

Ова не е развој. Ова е стара шема – да се украде преку голем проект што само на слика постои.

Јавно ги прашувам:

– Каде е студијата?

– Кој ќе го добие тендерот?

– Дали веќе сте го договориле сè зад грб на народот?

Јас не сум против инвестиции – ама сум против кражба.

А ова личи на најголема.

Биди будна и внимавај Струмицо“, напиша тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy