
Утре први директни преговори меѓу Русите и Украинците од почетокот на војната – се огласи Турција
УТРЕ во Истанбул ќе се одржат трилатерални средби наместо мировните преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија и Украина во турскиот мегалополис, соопшти вечерва извор од турското Министерство за надворешни работи.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан вечерва во Долмабахче се сретна со руска делегација предводена од Владимир Медински, советник на претседателот Владимир Путин.
„Средбата заврши“, соопшти министерството, без да даде детали.

