Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Муцунски: Планот „А“ е полноправно членство во ЕУ и од тој план државата нема да скршне!
Македонија

Муцунски: Планот „А“ е полноправно членство во ЕУ и од тој план државата нема да скршне!

16/05/2025

AA

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со австралиската колешка Беате Мајнл-Рајсингер вели „планот А е полноправно членство во ЕУ и од тој план државата нема да скршне и нема никаква дилема околу нашата посветеност кон европскиот пат, она што го очекуваме од Унијата е предвидливост, односно билатералните прашања да останат билатерални и не прифаќаме решение по секоја цена“, порача шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со неговата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер“.

Муцунски на прашање за пораките од претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта државава да се фокусира на планот А и оти на средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова рече дека предлогот уставни измени со одложено дејство е неприфатлив за бугарската страна, повтори дека нашата стратешка цел за полноправно членство во ЕУ, државава постојано ја докажува со конкретни чекори.

– Ние сме прва земја во регионот којашто потпиша Партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ, нешто што сега во актуелниот контекст се покажува како многу значајно. Земја лидер согласно став на високи претставници на ЕУ во делот на имплементација на Реформската агенда која е интегрален дел од Планот за раст. Значи, ние на дело покажуваме дека план А е полноправно членство во ЕУ, рече Муцунски.

Тој вели како држава од Брисел очекуваме предвидливост и билатералните прашања да останат настрана од процесот на пристапување и оти се во постојана комуникација и со претставници на ЕУ, на змеји-членки, како и со претставници од Бугарија, при што некои средби се формални, а некои се неформални.

– Бараме решение коешто ќе ни обезбеди предвидливост напред кон членството, почит за нашето достоинство и идентитет, очекување дека и земјите членки на ЕУ ќе ги почитуваат оние принципи поврзани со малцински права, коишто очекуваат ние да ги почитуваме. И во тој контекст, доколку сите сме посветени кон европскиот пат, верувам дека секогаш ќе може да се најде рационално решение коешто ќе биде прифатливо не само за нас како Влада, туку и за сите граѓани кои живеат во државава, посочи Муцунски.

Министерот нагласи дека како Влада не се подготвени да прифатат концесии кои државата ќе ја стават повторно во оваа состојба како што е сега.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АКО ОПОЗИЦИЈАТА ПОБАРА ИЗБОРИ, ВЛАДАТА ЌЕ ОДГОВОРИ СООДВЕТНО Мицкоски сака

05/10/2026
Македонија

НЕМА ОДГОВОР ОД СОФИЈА НА БАРАЊЕТО ЗА БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА По

05/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ АЖУРИРААТ ПОДАТОЦИТЕ ЗА ВОДОМЕРИТЕ Акцијата ќе

05/10/2026
Македонија

ГО НАПАДНАЛЕ СО ДРВЕНИ ПАЛКИ, ПА ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Полицијата

05/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СО ГОДИНИ МОЛЧЕЛ ДЕКА ПЕТРОВСКА НАБАВИЛА ЗА 37 МИЛИОНИ

05/10/2026
Македонија

ВО ИНТЕРЕС НА САД Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ

05/10/2026
Македонија

📷 БОГАТИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ОТКРИЕНИ ВО НЕКРОПОЛАТА РЕСНИЦА ВО СТРУШКО

05/10/2026
Македонија

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА

04/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45981
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АКО ОПОЗИЦИЈАТА ПОБАРА ИЗБОРИ, ВЛАДАТА ЌЕ ОДГОВОРИ СООДВЕТНО Мицкоски сака да испорача што е можно

05/10/2026

Владата има добиено доверба од граѓаните за мандат од четири години и има планови и динамика за реализација на ветувањата,

НЕМА ОДГОВОР ОД СОФИЈА НА БАРАЊЕТО ЗА БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА По советот на Фон дер Лајен,

05/10/2026

Сè уште нема одговор од бугарската страна за барањето за средба што ја побара македонското МНР со Софија по разговорите

ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ АЖУРИРААТ ПОДАТОЦИТЕ ЗА ВОДОМЕРИТЕ Акцијата ќе трае една година

05/10/2026

ЈКП „Водовод“ – Битола започнува со организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy