Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судење за убиството на Вања и Панче, Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски
Магазин

Судење за убиството на Вања и Панче, Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски

16/05/2025

AA

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка. Во текот на рочиштето, Палевски презентираше службени белешки од видео-докази од камерите на Хотел Романтик, кои, според неговото образложение, потврдуваат учество на три лица, а не четири во грабнувањето на Панче Жежовски.

Тој образложи дека согласно доказот, виш инспекторот и началник во СВР Велес, Стојан Кујанџиоски, кој ги анализирал видеото записите, пред судот ја потврдил точноста на службената белешка бр. 2532 од 7.12.2023.

Палевски истакна дека видео-снимките потврдуваат учество на три лица, а не четири, како што тврди Обвинителството.

-При преглед на видео записот е утврдено дека на камерата број 1 и камерата број 3 поставени на објект Хотел Романтик Велес го покриваат регионалниот пат (Стар пат Велес-Скопје), при прегледот на Видео-записите на ден 22.11.2023 година, во 10:35 (реално време 10:15) се забележува патнички автомобил Рено Кангу како се движи во правец Велес-Скопје по регионалниот пат и во внатрешноста на возилото се забележуваат две лица. И на ден 22.11.2023 година, во 10:35 (10:15) се забележува патнички автомобил Цитроен БХ со регистерски број ВЕ2931АД како се движи во правец Велес-Скопје и во внатрешноста на возилото се забележува едно лице, образложи тој.

Според Палевски, ова е докажан и утврден факт со видео, со сведочење, кој ОЈО Скопје не го доставиле во листата на докази во обвиненијата, а доставени се други девет службени белешки за сите останати видеа кои биле презентирани. -Со што се потврдува дека во грабнувањето на Панче учествувале три лица, а не четири, како што тврди ОЈО во обвинителниот акт, рече тој.

Во продолжението се изврши увид во чаурата пронајдена на местото на убиството на Жежовски.

Во однос на барањето за изведување на ЦД, Судот информираше дека застапникот на обвинението изјавил дека немаат запис од камера од Сејф Сити од возилото на место Нова железничка.

По исцрпување на листата на докази, главната расправа продолжи со дополнение на доказната постапка.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ СО ГОДИНИ МОЛЧЕЛ ДЕКА ПЕТРОВСКА НАБАВИЛА ЗА 37 МИЛИОНИ

05/10/2026
Македонија

ВО ИНТЕРЕС НА САД Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ

05/10/2026
Македонија

📷 БОГАТИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ОТКРИЕНИ ВО НЕКРОПОЛАТА РЕСНИЦА ВО СТРУШКО

05/10/2026
Македонија

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА

04/10/2026
Македонија

НА ПОВИДОК ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА ТРАМПАТА ЗА КОСКИТЕ НА ЦАР

04/10/2026
Македонија

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија

04/10/2026
Македонија

НЕ КУПУВАЈТЕ ОГРЕВНИ ДРВА ОД ДРВОКРАДЦИ! Така го поттикнувате пустошењето

04/10/2026
Македонија

ЗНАМ ГИ ПОДДРЖУВА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Димитриевски вели дека притоа

04/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45977
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ СО ГОДИНИ МОЛЧЕЛ ДЕКА ПЕТРОВСКА НАБАВИЛА ЗА 37 МИЛИОНИ ЕВРА ПОСКАПИ ХЕЛИКОПТЕРИ Тој е

05/10/2026

Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата

ВО ИНТЕРЕС НА САД Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ Оценка на кандидатот на Трамп

05/10/2026

Во интерес на САД е Македонија да успее да се приклучи кон Европската Унија – оцени кандидатот за нов амбасадор

📷 БОГАТИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ОТКРИЕНИ ВО НЕКРОПОЛАТА РЕСНИЦА ВО СТРУШКО Штит, шлем, копја, меч, предмети

05/10/2026

Богато војничко погребување со штит, шлем, копја, меч и предмети од злато, бронза и килибар е најновото исклучително откритие на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy