Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава простор за поинакво мислење
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава простор за поинакво мислење

03/03/2026

AA

Екс-вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата Ноќно студио на 4TV.mk упати остри критики кон актуелната влада, оценувајќи дека земјата се движи во насока на автократско управување.

„Би кажал дека имаме автократска влада, влада која сака да ја задуши слободата на говор и да врши политички прогон врз неистомислениците. Ако продолжи вака, не знам каков режим имале во Иран, не сум живеел таму, но сме гледале и слушале“, изјави Битиќи.

Тој направи споредба со, како што рече, периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, нагласувајќи дека не би сакал земјата да се врати во, според него, „времето на режим“.

„Добро се сеќавам на еден лидер на ВМРО-ДПМНЕ кој ни приреди режим во нашата земја. Не би сакал да се вратиме во тоа време. По мене, постои сличност во стилот на владеење. Наместо по неколку години власт да се појават тие тенденции, сега тие се применуваат уште од почетокот“, рече Битиќи.

Според него, сите индикатори покажуваат дека актуелната власт не е подготвена да остави простор за луѓе со различно мислење, иако, како што нагласи, тие може да имаат иста цел – подобрување на условите за живот во државата.

Во однос на споредбите со политички системи како оној во Иран, Битиќи посочи дека конечната оценка секогаш ја даваат граѓаните.

„Ние можеме да правиме паралели врз основа на тоа што сме слушале и гледале, но на крајот граѓаните се тие кои најдобро оценуваат и прават споредби“, истакна тој.

Битиќи предупреди дека, доколку продолжи ваквиот тренд, постои ризик од дополнително стеснување на демократскиот простор и поларизација во општеството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy