Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Утре го празнуваме овие светители
Македонија

Утре го празнуваме овие светители

30/03/2023

AA

Утре го празнуваме Свети Кирил, архиепископ Јерусалимски

Роден е во Јерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315–386). Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 година го наследи на престолот блажениот јерусалимски патријарх Максим. Трипати го симнуваа од престолот и го испраќаа во прогонство, додека најпосле во времето на Теодосиј не го вратија, па проживеа мирно уште осум години и Му ја предаде душата на Господа. Тој имаше две тешки борби: од една страна со аријанците кои се засилија во времето на Константиновиот син Констанциј, а од друга во времето на Јулијан Отстапник, со овој цар отпадник од верата и со Евреите.

Во времето на силата на аријанците на денот на Педесетница се јави знакот на Крстот, посветол од сонце, се простираше над Јерусалим и над Елеонската Гора. Ова траеше неколку часа, а почна во девет часот наутро. За оваа појава што ја видоа сите жители на Јерусалим му пишаа и на царот Констанциј и тоа на мнозина им послужи за утврдување во Православието, а против аријанската ерес. Во времето на царот Отстапник се случи друг знак. За да го понижи христијанството, Јулијан ги наговори Евреите да го обноват Соломоновиот храм. Свети Кирил Му се молеше на Бога тоа да не стане. И имаше страшен земјотрес којшто урна сè што беше обновено на храмот.

Тогаш Евреите почнаа одново да градат. Но, повторно фати земјотрес и го урна не само новоизграденото туку и старите камења кои уште се држеа на земјата. Така се обвистини зборот Господов: „ни камен на камен овде нема да остане“. Од многубројните списи на овој свет отец зачувана е само неговата „Катихетика“, првокласно дело што ја потврдува верата и праксата на Православието до денешен ден. Овој светител беше необичен архипастир и голем подвижник. Се одликуваше со смирение и кротост, а сиот беше испостен и блед во ликот. После многуплодниот живот во подвиг и витештво за верата во Христа, мирно се упокои во Господа.

Свети Анин Чудотворец

Родум од Халкидон. Според растот малечок како Закхеј, но со духот и во верата голем. Во петнаесеттата година се одрече од светот и се насели во една визба во близина на реката Еуфрат и таму принесуваше покајание и молитви, најпрво при својот учител Мајум, а по неговата смрт сам. Со силата на својата молитва еден сув бунар го наполни со вода и исцелуваше болни од разни болести и маки и ги скротуваше ѕверовите. Еден скротен лав постојано живееше кај него во послушание. Имаше дар на прозорливост на далечина. Кога еден столпник кој живееше недалеку од него го нападнаа разбојници и толку го изнатепаа што овој намисли да слезе од столбот и да оди да ги обвини кај судиите, свети Анин ја прозре неговата душа и намерата и по својот лав му испрати писмо во коешто го молеше да ја остави таа намера, да им прости на напаѓачите и да си го продолжи подвигот.

Беше неискажливо милосрден. Епископот Неокесариски му подари едно магаре за да му го олесни носењето вода од реката, но тој му го подари магарето на еден сиромав кој му се пожали на својата сиромаштија. Епископот му даде друго магаре, но тој и тоа го подари. Тогаш епископот му даде трето магаре, но само на заем, како водоносец, со тоа што би морал да го чува и да му го врати. Пред својата смрт овој светител виде како му доаѓаат Мојсеј, Аарон и Ор, кои го повикаа: „Анине, Господ те вика, стани и појди со нас!“ Им го откри ова на учениците и Му го предаде својот дух на Бога. Се упокои на возраст од 110 години.

• Маченици Трофим и Евкарпиј Никомидиски (околу 300)
• Маченик крал Едвард
• Преподобен Ананиј Ефратски
• Свети Тетрик, епископ Лангрски (Франција)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред

24/09/2026
Македонија

ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

24/09/2026
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА

24/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИМ ПОРАЧА НА СОПАРТИЈЦИТЕ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА 12.05 ДА СЕ

24/09/2026
Македонија

69 МИЛИОНИ ЦИГАРИ ШВЕРЦУВАНИ ПРЕД НОСОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ / Приведени

24/09/2026
Македонија

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА Поквалитетно снабдување за жителите

24/09/2026
Македонија

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ЗА „СИНЏИР“ Доби и

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45779
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Двете операции поминаа

24/09/2026

За првпат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, но и во нашата земја, во еден ден беа успешно изведени две роботски

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред пратениците

24/09/2026

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска едногласно ја усвои измената на одлуката за определување коефициенти за утврдување

ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА Не бил овластено лице во

24/09/2026

Фалсификат е документот со кој мафта Венко Филипче дека јас сум овластено лице на фирмата која добила тендер од 1,6

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy