Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уставниот суд ја преиспитува уставноста на законската одредба за додаток за деца родени во странство
Македонија

Уставниот суд ја преиспитува уставноста на законската одредба за додаток за деца родени во странство

06/05/2026

AA

Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на делот од Законот за заштита на децата кој предвидува правото на одредена заштита да го остваруваат само деца родени на територијата на државата. Судот изрази сомнеж дека со ваквата одредба се прави неоснована разлика меѓу децата на македонските државјани врз основа на местото на нивното раѓање, што директно го загрозува уставното начело на еднаквост.

Според правното мислење на Судот, детето чии родители се државјани на Република Северна Македонија стекнува државјанство по потекло и затоа мора да ги ужива сите права еднакво со останатите граѓани, без разлика дали е родено во земјата или во странство.

Во образложението се наведува дека местото на раѓање не смее да биде критериум за ограничување на правата, бидејќи раѓањето надвор од државата може да биде резултат на слободното движење на граѓаните или на непредвидени околности, а не само на намера за трајно иселување.

Судот смета дека со фаворизирање на децата родени во државата, законодавецот ги става во понеповолна положба оние родени во странство без легитимно оправдување.

Истовремено, на истата седница, Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на измените во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со образложение дека за ова прашање веќе постои претходна одлука.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy