Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ на Македонија2025 – врвна бизнис обука за млади лидери и претприемачи
Македонија

Успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ на Македонија2025 – врвна бизнис обука за млади лидери и претприемачи

30/04/2025

AA

Со финални презентации на иновативни бизнис-идеи и нетворкинг настан со алумни-заедницата, успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ – врвна бизнис обука организирана од Македонија2025, наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од целата земја. Програмата се реализираше во соработка со реномираната бизнис-школа „Ричард Ајви“ од Канада и се темели на најдобрите глобални практики во деловното управување, адаптирани на локалниот контекст и предизвици.

Во текот на две недели, учесниците интензивно работеа на теми од стратегија, финансиско управување, маркетинг, развој на производ, човечки ресурси и лидерство, преку анализа на реални деловни студии на случај, симулации и практични задачи. Обуката вклучи и индивидуална менторска поддршка од искусни канадски предавачи.

Круна на програмата беше натпреварот за најдобра бизнис-идеја, на кој учесниците ги претставија своите концепти пред жири составено од етаблирани македонски бизнис-лидери. Жирито ги оценуваше идеите според иновативност, одржливост и пазарен потенцијал, а самите презентации претставуваа одлична можност за примена на стекнатите знаења во реален контекст.

По завршувањето на официјалниот дел, се одржа и нетворкинг настан со членови на алумни-заедницата на „Лидер Проектот“, што овозможи поврзување, размена на искуства и иницирање на нови соработки меѓу младите професионалци.

Преку оваа врвна бизнис обука, Македонија2025 останува посветена на градењето на нови генерации млади лидери и претприемачи, подготвени да придонесат за економскиот развој и иновативноста на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАСТАВНИК НАПАДНАЛ УЧЕНИК Инцидентот се случил во дебарско село

26/11/2026
Македонија

АЛЕКСАНДАР ЧУПИЌ ДОАЃА ВО ОХРИД НА САМИТОТ БРДО-БРИОНИ Тоа му

26/11/2026
Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА СЕ ПОЖАЛИЈА ПРЕД ООН Изложени се на

26/11/2026
Македонија

ЗА ПЕНЗИИ ВО 2027 ГОДИНА СЕ ПЛАНИРАНИ 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

26/11/2026
Македонија

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ

25/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТНИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Митева најави

25/11/2026
Македонија

ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И НОВ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ  Обилни врнежи

25/11/2026
Македонија

📽️ 📷 75 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ И ПОЕВТИН РОАМИНГ СО

25/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46937
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАСТАВНИК НАПАДНАЛ УЧЕНИК Инцидентот се случил во дебарско село

26/11/2026

Наставник физички нападнал ученик во училиште во дебарско село, соопшти полицијата. Настанот бил пријавен во ОВР Дебар на 25.11.2026 во

АЛЕКСАНДАР ЧУПИЌ ДОАЃА ВО ОХРИД НА САМИТОТ БРДО-БРИОНИ Тоа му е прво патување во својство

26/11/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, чиј коорганизатори се претседателката

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА СЕ ПОЖАЛИЈА ПРЕД ООН Изложени се на асимилациски притисоци од Бугарија

26/11/2026

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy