Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Снопче: Доколку АА е надвор од Владата, тоа ќе значи потреба од нови парламентарни избори!
Македонија

Снопче: Доколку АА е надвор од Владата, тоа ќе значи потреба од нови парламентарни избори!

30/04/2025

AA

Пратеникот Халил Снопче од Алијансата на Албанците предводена од Арбен Таравари денеска изјави дека нивни претставници не биле поканети на вчерашниот состанок на коалицијата „Вреди“. Според него, не му се познати одлуките што биле донесени на средбата.

– Немам официјална информација од службите на Собранието, дали тие девет пратеници побарале посебна пратеничка група. Доколку тоа е вистина, тоа имплицира дека Алијансата на Албанците останува со пет пратеници, рече Снопче.

Дополни дека се уште тој е координатор на пратеничката група на „Вреди“ од 14 пратеници, бидејќи се уште не е формирана нова пратеничка група.

– Доколку со девет потписи се обратат до Собранието дека имаат формирано нова пратеничка група, тогаш по автоматизам ние ќе дејствуваме со наша пратеничка група од петмина пратеници, рече тој.

Снопче посочи дека како партија се отворени за сите опции, дека Алијансата на Албанците може да биде и опозиција, но, нагласи, „ доколку тие се надвор од Владата, тоа ќе значи потреба од нови парламентарни избори“.

– Таа Влада ќе биде нестабилна со само девет албански претставници, рече тој.  

Коалицијата Вреди вчера најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат и соопшти дека отсега ќе делува како еден политички субјект.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Туше Гошев: Јас сум таткото на правниот систем во независна

08/09/2026
Македонија

Како весниците и библиотеките ја сочуваа македонската историја: Временска капсула

08/09/2026
Македонија

Првиот министер за правда Туше Гошев: За независноста беа потребни

08/09/2026
Македонија

Книгата од 1566 година: Најстарите богатства на Градската библиотека

08/09/2026
Македонија

Од Скопје до Австралија: Кои се држави гласаа за независноста?

08/09/2026
Македонија

Марковска: Средбата со мајките на загинатите војници длабоко ми остана

08/09/2026
Македонија

Марковска: Не верувам дека ентузијазмот и идеализмот од почетокот на

08/09/2026
Македонија

Христијан Проданов, првото дете на Независна Македонија: „Чест ми е

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45564
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Туше Гошев: Јас сум таткото на правниот систем во независна Македонија, кога дојдов на функција

08/09/2026

Првиот министер за правда во независна Македонија, Туше Гошев, во „Отвореното студио“ на 4ТВ зборуваше за создавањето на правниот систем

Како весниците и библиотеките ја сочуваа македонската историја: Временска капсула за 35 години независност

08/09/2026

Трите и пол децении од референдумот за независност не се сочувани само во учебниците и архивите, туку и на страниците

Првиот министер за правда Туше Гошев: За независноста беа потребни ум и вешта политика, а

08/09/2026

Првиот министер за правда во независна Македонија, Туше Гошев, гостуваше во специјалното издание на „Отворено студио“ на 4TV посветено на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy