Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уште една автобуска несреќа во Венеција
Македонија

Уште една автобуска несреќа во Венеција

16/10/2023

AA

Петнаесет лица се повредени во автобуска несреќа во венецијанскиот кварт Местре во северна Италија во саботата вечерта, нешто повеќе од една недела откако 21 лице загина во друга автобуска несреќа.

Полицијата соопшти дека електричниот автобус излетал од патот на кривина и удрил во станбена зграда. Никој живот не е во опасност.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, во објава на социјалните мрежи рече дека користењето на сите автобуси на компанијата Ла Линеа во регионот на Венеција „веднаш ќе биде суспендирано“.

Возилото кое учествуваше во фаталната несреќа на почетокот на овој месец беше исто така автобус на Ла Линеа.

На почетокот на оваа недела, канцеларијата на италијанското државно правобранителство отвори истрага против генералниот директор на Ла Линеа и двајца функционери на градскиот совет одговорни за одржување на мостовите и патиштата по фаталната несреќа на 3 октомври, кога туристички автобус излета од надвозник и се запали. Тогаш загина и еден хрватски државјанин.

Возилото превезувало туристи од историскиот центар на Венеција до кампот во блиската Маргера.

Обдукцијата направена врз 40-годишниот возач покажала дека тој е здрав, по првичните шпекулации дека можеби онесвестил.

Според пишувањата на италијанските медиуми, возачот на автобусот кој во саботата влетал во зградата изгубил контрола поради здравствени проблеми.

Како и повеќето патници и тој побегнал со релативно полесни повреди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45901
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Иран нападна американски бази во Катар и во Ирак

23/06/2025

Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП. Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy