Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку инвалидни лица се вработени годинава со помош на државата?
Економија

Колку инвалидни лица се вработени годинава со помош на државата?

16/10/2023

AA

Годинава се вработени
стотина инвалидни лица со поддршка од државата. 
За вработените инвалидни лица средствата за придонес за
пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравствено осигурување и
придонес за вработување се обезбедуваат од државниот буџет.  Вработените во заштитните друштва кои не се
инвалидни лица и инвалиди на трудот се ослободуваат од плаќање на персонален
данок од доход и за нив се обезбедуваат средства за придонес за пензиско и
инвалидско осигурување од Буџетот.

„Во 2023 година (досега) доделени се средства за
вработувањата на 97 инвалидни лица кои се вработени кај 77 работодавачи. Инаку,
оваа година заклучно со 12.10.2023, со посредување на Агенцијата за вработување
на РСМ вработени се 13 инвалидни лица, од кои 9 лица со пречки во развојот, 1
лице со телесна инвалидност, 1 лице инвалид на трудот, 1 лице со пречки во
говорот и 1 лице со пречки во говорот и слухот“, велат од Агенцијата за
вработување.

Условите и погодности за вработување и работење на
инвалидните лица се уредени со Законот за вработување на инвалидни лица и
Правилникот за критериумите и начинот на доделување на средствата од Посебниот
фонд за обезбедување на услови за вработување и работење на инвалидните лица.

Заради финансирање на работите за подобрување на условите
по горенаведените основи од вкупно остварените средства од постојниот придонес
за вработување се издвојуваат 10 отсто на потсметката во Агенцијата за
вработување на РСМ (Посебен фонд) најдоцна до 30 во месецот за претходниот
месец.

„Во рамки на расположливите
финансиски средства од Посебниот фонд се доделуваат неповратни средства за: 1.
вработување на инвалидно лице на неопределено време (во износ од 20 просечни
нето плати исплатени во државата за претходната година пред вработувањето за
едно вработување, односно 40 просечни нето плати исплатени во држава за
претходната година пред вработувањето за лица кои се движат со инвалидна
количка или потполно слепи лица); 2. адаптација на работно место (до 100.000,00
денари); 3. набавка на опрема  (до 200 просечни  плати со основен
критериум –број на вработени инвалидни лица и капитал и резерви искажани во
бонитетот) и 4. работно оспособување на инвалидни лица заради
вработување. Притоа, на правно лице кое не е заштитно друштво, од Посебниот
фонд може да му се доделат средства за вработување на инвалидно лице и за
адаптација на работно место на кое ќе работи инвалидното лице, додека на
инвалидно лице кое самостојно врши дејност како трговец поединец и на заштитно
друштво може да му се доделат средства од Посебниот фонд за вработување на
инвалидно лице, за адаптација на работно место на кое ќе работи инвалидното
лице и за набавка на опрема“, додаваат од Агенцијата за вработување.

Oд организациите кои работат на оваа
проблематика, велат дека на лицата со попреченост им е тешко да најдат работа, но
и тешко е истата да ја задржат и да знаат дека ќе имаат егзистенција во иднина.
Наведуваат дека дел од овие лица имаат потешкотии долго да стојат, работат
поспоро од другите, но апелираат колегите во работната средина да бидат малку
потолерантни и да ги прифатат.

„Јас сум мајка на дете со попреченост и веќе 6 години
барам соодветна работа за него, место каде нема да биде искористуван и ќе има
соодветен третман. Моето дете сега има 26 години. Тешко оди за наоѓање на
работа. На ова лица им треба работа, за да имаат плата, работен стаж, да
плаќаат даноци, да бидат корисни за општеството“, вели Снежа Стојковска, мајка
на дете со попреченост.

Овие лица најчесто добиваат работа во приватен сектор, се
вработуваат во печатници или фабрики.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/dusanpetkovic

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy