Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Учебници за шесто одделение ќе се испорачуваат и викендов
Македонија

Учебници за шесто одделение ќе се испорачуваат и викендов

06/10/2023

AA

Учебниците за шесто одделение што се веќе одобрени од Националната комисија за учебници и имаат добиено ЦИП запис, веќе се печатат и испорачуваат до училиштата. Задолжените за испорака се максимално одговорни и ангажирани, во договорот со училишните раководства, ќе испорачуваат учебници и во текот на овој викенд, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

– Учебниците по албански јазик и природни науки на македонски јазик за шесто одделение за кои по одобрувањето од Националната комисија за учебници, добиен е ЦИП запис на 27, односно 29 септември, додека договорите со авторите се потпишани на 2 октомври, се влезени во процес на печатење и испорака. Учебниците пак по македонски јазик и природни науки на албански јазик добија ЦИП запис на 4 октомври, додека договори со авторите се склучени денес и веднаш се предадени на одбраниот економски оператор за графичко уредување, печатење, по што дистрибуцијата ќе се спроведе во текот на следната недела, се наведува во соопштението на МОН.

За учебникот по математика, како што додаваат оттаму, денеска е потпишан договор со авторите.

МОН потсетува дека согласно планот за реформирање на основното образование, во новата учебна година, нови наставни програми се изработени за трето и шесто одделение и врз основа на истите, учениците добиваат и нови учебници. Учебниците за трето одделение се целосно испорачани минатиот месец.

– Состојбата со учебниците годинава е значително подобрена, МОН испорача тираж од речиси 1,4 милиони учебници во основните, но, исто така и во средните училишта, за кои, за првпат по 15 години се изработија нови 150-тина наслови на учебници, се додава во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ГАСТРО“, „ДИГЕСТИВНА“ И „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Министерот Клековски

17/11/2026
Македонија

МЕЛБУРН ИМ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ЗАБРАНАТА ДА ГО

17/11/2026
Македонија

ШТО НОСАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛА ПРЕДЛОЖЕНИ ОД ВЛАДАТА

17/11/2026
Македонија

ПАЛАНЧАНЕЦ УАПСЕН ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Ја тепал својата 20-годишна ќерка

17/11/2026
Македонија

САД ПРЕДУПРЕДИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАКАНИ КОН БУГАРИЈА За Македонија ризикот

17/11/2026
Македонија

НА 27 НОЕМВРИ КОРАБОСКИ ЌЕ СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Обвинет

17/11/2026
Македонија

НАЈМЛАДАТА ПАЦИЕНТКА СО РАК НА ГРЛО НА МАТКА ИМА 18

17/11/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО РАДИОВЦЕ ПО ДОЈАВАТА ЗА БОМБА ВО ТЕТОВСКО Приведен

17/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46814
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„ГАСТРО“, „ДИГЕСТИВНА“ И „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ ДОБИЈА НОВИ ДИРЕКТОРИ Министерот Клековски очекува одговорно и стабилно работење

17/11/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ги прими новоименуваните директори на три јавни здравствени установи — Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија,

МЕЛБУРН ИМ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ЗАБРАНАТА ДА ГО КОРИСТАТ ЗНАМЕТО ОД КУТЛЕШ На

17/11/2026

Австралискиот град Мелбурн официјално ѝ се извини на македонската заедница во Австралија поради забраната за истакнување на знамето со сонцето

ШТО НОСАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛА ПРЕДЛОЖЕНИ ОД ВЛАДАТА Со еден клик ќе се

17/11/2026

Со новиот електронски систем надлежните органи ќе можат со еден клик да проверат дали возилото има важечка регистрација и осигурување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy