Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЈП со важна информација за граѓаните
Македонија

УЈП со важна информација за граѓаните

02/05/2025

AA

Управата за јавни приходи информира дека во законскиот рок заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2024 година. Изгенерирани се 841.671 даночна пријава за 2024 година, што претставува раст од 6%, односно 47.947 повеќе генерирани даночни пријави за минатата година споредено со 2023 година, кога беа генерирани 793.724 пријави.

Ги повикуваме граѓаните најдоцна до крајот на месец мај да направат увид во генерираните ДЛД-ГДП кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“. Секој кој е регистриран на системот „е-Даночни услуги“ има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2025 година, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна пријава доколку е потребно да се направи корекција!

По истекот на овој законски рок потврдените и годишните даночни пријави кои не се потврдени ниту се коригирани ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2024 година.

Кај обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава (PDF документот). Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот.

Управата за јавни приходи, апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сèуште не се регистрирани на системот е-Даночни услуги, за да ги исполнат своите обврски за пријавување и плаќање на данок, истото да го сторат во најкраток можен рок.

За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход, плаќање и враќање на данок можете да се обратите на [email protected], или на некој од контакт телефоните во Контакт центарот 02 3253 200 или на 0800 33 000 само од фиксни оператори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy