Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТУРИЗМОТ ВО ГРЦИЈА ГИ СОБОРИ СИТЕ РЕКОРДИ: Ќе се слеат милијарди, се отвораат 17.000 работни места
Економија

ТУРИЗМОТ ВО ГРЦИЈА ГИ СОБОРИ СИТЕ РЕКОРДИ: Ќе се слеат милијарди, се отвораат 17.000 работни места

26/06/2023

AA

Светскиот совет за патувања објави дека туристичкиот сектор
во Грција ќе се приближи до нивото пред пандемијата оваа година. Очекувано, од
туризмот во буџетот треба да се слеат 39,2 милијарди евра, а само годинава ќе
се отворат 17.000 работни места, што е повеќе од 2019 година. Исто така,
интересно е да се забележи дека туристичкиот сектор обнови 82 отсто од
работните места што беа изгубени за време на пандемијата.

Главни
пазари за Грците се Велика Британија, Германија и Бугарија.Овие три земји
сочинуваат 14 отсто од меѓународните посетители на Грција. Инаку, податоците од
европската статистика на Статиста покажуваат дека лани и покрај значителниот
годишен раст, бројот на пристигнувања на патници во Грција бил под нивото пред
пандемијата и изнесувал околу 30 милиони гости. Извештајот на Светскиот совет
за патувања покажува дека во 2022 година е зголемена и потрошувачката на
странски гости, што придонело за националниот буџет со 19,1 милијарди евра, што
е годишен раст од над 56 отсто.

Грција и годинава е една од најпопуларните дестинации во
Европа, а доколку продолжи овој тренд, туризмот на земјата до 2033 година треба
да го зголеми учеството во БДП на 57 милијарди евра, што е речиси четвртина.
Инаку, охрабрувачки се и прогнозите за вработување, па се наведува дека во
наредната деценија туристичкиот сектор треба да вработи повеќе од милион луѓе
низ Грција.

Се очекува туристичкиот сектор целосно да закрепне до крајот
на следната година. Според туристите,
оваа сезона во најпопуларната европска дестинација цените се повисоки од лани.
Цените за сместување во хотели се во просек 53 евра, хотелите со три ѕвезди
чинат 74, а хотелите со пет ѕвезди чинат и до 300 евра од ноќ. Статистиката
покажува дека автобускиот превоз чини 1,20 евра, rent a car е 123 евра дневно
за стандардни автомобили и повеќе од 200 евра за луксузни автомобили. Возењето
со такси е едно евро по километар, а за еден час чекање наплаќаат 12 евра.
Просечен ручек во ресторан чини околу педесет евра за двајца, а оброците во
поевтините ресторани се од шест до 20 евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45797
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на нива кај Ораовица

25/09/2026

77-годишен жител на Радовиш починал на нива во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ. Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што

25/09/2026

  Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy