Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сопственикот на „Кондево“ ја препушти фабриката на македонска менаџерка
Економија

Сопственикот на „Кондево“ ја препушти фабриката на македонска менаџерка

26/06/2023

AA

Италијанскиот сопственик на фабриката „Кондево“ во Штип, Рафаеле Џанони, по седум години раководење, ја отстапи фабриката на управување на новопоставената директорка Ѓулај Салиевска – Ѓештаковска од крајот на месецов.. 

Италијанската фабрика, која е лоцирана во ТИРЗ Штип, произведува софистицирани топлотни разменувачи за бојлери и е еден од главните снабдувачи на светските производители, а лани најави дека планира со две нови производствени линии првичната инвестиција од 35 милиони евра да ја зголеми за 50 отсто и да го зголеми број на вработени.

Базирано на технологија на топлинска кондензација, фабриката произведува исклучиво за извоз на основа на мехатроника и роботика. Во моментов има нешто повеќе од 130 вработени. „Кондево“ инаку е семеен бизнис.

Салиевска – Ѓештаковска, според она што ни го кажа во телефонски разговор, е дел од фабриката од јануари 2022, а претходно била вклучена во работењето на инвестицијата како надворешен соработник. Вели дека и претходно работела како инвестициски консултант за други компании.

Од она што може да се пребара на интеренет, може да се види дека Салиевска – Ѓештаковска била претседател на Македонско-австриската бизнис асоцијација, а била и заменик-управител на „Секјуриком“. Оваа австриска компанија која своевремено имаше 1.500 вработени беше вмешана во голема тендерска афера во периодот од 2015 до 2018,  но Салиевска – Ѓештаковска си заминала од таму уште во 2014.

Инаку Кондево за најавената инвестиција годинава доби 110 милиони денари помош од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45792
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин посочи дека тој е значаен

25/09/2026

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион таа е практичен тест

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ ГИ ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ Европратеникот Вајц

25/09/2026

Ефектите од глобалното затоплување нè погодуваат сите подеднакво, а тоа особено се чувствува во земјоделството, рече европратеникот и постојан известувач

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560 оператори, изречени казни од 19.430

25/09/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при 560 вонредни инспекциски контроли кај производители на сладолед и мраз, како и во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy