
Турција повторно на удар на земјотреси: Забележани три за 56 часа
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди западна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 45 километри од Анталија, а се случил на длабочина од 101 километар, соопшти EMSC.
Ова е трет земјотрес во западниот дел на Турција во последните 56 часа, додава EMSC.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
