Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски во УНЕСКО: Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам
Македонија

Ковачевски во УНЕСКО: Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам

09/11/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на УНЕСКО, се обрати на маргините на 42-та Генерална конференција на Организацијата, што се одржува во седиштето на УНЕСКО во Париз.

Премиерот Ковачевски е прв премиер од Република Северна Македонија што се обрати во УНЕСКО, по 30-годишното членство на нашата држава во Организацијата на ОН за образование, наука и култура.

Во продолжение е текстот од интегралното обраќање на премиерот Ковачевски.

Огромна е честа да бидам првиот Премиер од Република Северна Македонија кој се обраќа од оваа говорница. Задоволството е дотолку поголемо, што ова обраќање се случува во годината кога, како независна и самостојна држава, одбележуваме и триесет години членство во УНЕСКО.

Овие два исклучителни важни моменти за нашата современа историја ме обврзуваат ова прво премиерско обраќање да го направам на мојот мајчин, македонски јазик.

Со тоа, сакам да му се заблагодарам на УНЕСКО за поддршката на многубројни проекти, активности и ресурси важни за нашето мултикултурно општество, за нашето природно и културно наследство, за македонскиот јазик и за другите јазици кои што се зборуваат во Северна Македонија. Затоа што мојата земја е „срцето на балканскиот јазичен контакт“, како што забележа светски познатиот лингвист, проф. Виктор Фридман.

Воедно, би сакал да истакнам дека нашата соработка со УНЕСКО датира од 1979-та и 1980-та година, кога нашиот бисер, Охридскиот регион, влезе под закрилата на УНЕСКО. И, денес со гордост го вбројуваме меѓу едно од вкупно 39-те културни и природни наследства во светот.

Ова за нас значи континуитет, богатство, но и обврска да го чуваме. Ниту еден друг интерес не смее да е поголем од заложбата да се сочува и заштити ова, и наше, и светско, природно и културно добро. Тоа им го должиме на предците и на идните генерации.

Охридскиот регион е магичен сплет на природа, историја, религија, уметност и писменост. Во него ќе најдете преку 2500 квадратни метри фрески на византиската уметност во која учествувале и локални македонски мајстори; над 800 скапоцени икони создавани меѓу 11-от и 14-от век; антички мозаици, османлиски џамии; колекции на старословенски, византиски и османлиски ракописи, и што многу работи! И сето тоа расположено околу едно од најстарите и најубави езера во Европа, кое во себе крие голем број ендемски и ретки слатководни видови флора и фауна.

Оттука, наш императив е да го одржиме интегритетот и автентичноста на Охридскиот регион, во соработка со Центарот за светско наследство на УНЕСКО. И, заедно со Република Албанија да бидеме пример за добрососедска соработка и во заштитата на ова, и заедничко, и универзално добро.

На 45-та сесија која се одржа во септември, Комитетот на УНЕСКО за светско наследство го разгледа Извештајот за состојбата со заштитата на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и донесе Одлука со која Комитетот ги уважи нашите заеднички напори, но еднакво и одговорноста за Охридското Езеро и богатото културно наследство за зачувување на престижниот статус на светско наследство.

Беа поздравени напорите кои двете земји ги прават во насока на намалување на факторите кои негативно влијаат на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион.

Од нашата натамошна засилена соработка ќе зависи имплементацијата на посочените мерки за рехабилитација на Регионот. Темелите за неутрализирање на утврдените и потенцијалните закани се поставени, но потребите за заштита на ова добро бараат голема мобилизација за истото да ја зачува својата исклучителна универзална вредност, како и имплементација на итни мерки кои ќе ги зближат сите засегнати страни и ќе се преземат веднаш. Од оваа говорница, повикувам на сплотеност и одговорност во делувањето на секоја власт.

Почитувани присутни,

Изминативе 78 години, УНЕСКО придонесе за градење на култура на мир, за искоренување на сиромаштијата, за одржливиот развој и особено за меѓукултурниот дијалог. Во име на граѓаните на Северна Македонија, која, патем е, и, една од основачите на Организацијата на Обединетите нации заедно со останатите пет федерални републики во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, би сакал, уште еднаш да изразам благодарност до УНЕСКО за посветеноста во создавањето услови за дијалог меѓу цивилизациите, културите и луѓето засновани врз респект кон споделените вредности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се споделуваат лични податоци

19/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце

19/08/2026

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy