Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Коалиција „Европски Сојуз за Промени“: Овој е најнегативниот извештај од ЕК за Македонија, оваа влада мисли само за власт а не и за државата!
Македонија

Коалиција „Европски Сојуз за Промени“: Овој е најнегативниот извештај од ЕК за Македонија, оваа влада мисли само за власт а не и за државата!

09/11/2023

AA

Од Коалицијата „Европски Сојуз за Промени“ велат дека вчерашниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија е најнегативниот извештај.

„Вчера јавноста имаше можност да го види последниот извештај на Европската Комисија за Северна Македонија и уште еднаш да се увери во тоа што ние го потенцираме подолго време – дека за оваа влада не веќе е приоритет интеграцијата во ЕУ. Во време кога граѓаните чекаат добри вести од Брисел за отворање на преговорите и членство во Европската Унија, токму Европската Комисија е таа која во својот последен извештај дава оценка дека Северна Македонија стои многу лошо во поглед на судството и борбата против корупцијата.

Секако, ова е жална вест за граѓаните на нашата земја, иако не е нова вест за нас. Коалицијата „Европски Сојуз за Промени“ веќе подолго време предупредува дека оваа за влада интеграцијата во ЕУ не е примарен фокус, бидејќи таа е зафатена со бизнисот на игрите на среќа, како и со зголемување на нивото на корупција. Се разбира, власта отсекогаш имала објаснувања дека нашата позиција се должи на политичката опоненција, но кога некои амбасадори на земјите од ЕУ, а сега и самата Европска Комисија, тврдат дека Северна Македонија стои лошо во однос на независноста на судството, нагласувајќи го контроверзното разрешување на првиот човек на Судскиот совет, не можеме а да не констатираме дека авторот и виновникот за ваквата состојба не е анонимен.

Тој е во владата, составена од триото СДСМ-ДУ-Алијанса за Албанците, кои со своите антиевропски постапки го зацврстиле овој аргумент и за
Европската Комисија.

Коалицијата „Европски Сојуз за Промени“ изразува жалење што имаше во право кога реагиравме на начинот на кој беа направени и измените во
Кривичниот законик. И покрај тоа што политичарите од власта се обидоа да манипулираат со јавноста на оваа тема, Европската Комисија укажува дека начинот на кој е усвоен овој законик, потоа намалувањето на казните за одредени кривични дела и можноста со овие измени да застаруваат многу предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство, се во спротивност со стандардите на правосудството на ЕУ. А кога зборуваме за
застареноста на предметите на политичка корупција, не можеме да не го споменеме нашиот предлог за уставно санкционирање на предметите на
политичка корупција, со тоа што тие никогаш не ќе може да застаруваат. Но, оваа влада наместо да го прифати нашиот предлог, го смени Кривичниот законик, со кој секојдневно застаруваат предметите на Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и другите криминалци.

Истакнувајќи дека ова е најнегативниот извештај што го имала Северна Македонија од Европската Унија, ние уште еднаш констатираме дека оваа
влада – која мисли само за власт а не и за државата – е најантиевропската влада по 2017 година и затоа треба што поскоро да се делегитимира.

Инаку станува се поопасна. Како и да е, тоа ќе се случи – ако не порано, секако на следните парламентарни избори“, се вели во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 МИЦКОСКИ ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИ Набавени се

29/10/2026
Македонија

ВИЊЕТКИТЕ НЕ СЕ ПРАВИЧНА ОПЦИЈА, ЌЕ СЕ РАЗВИВА ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА

29/10/2026
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46422
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 МИЦКОСКИ ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИ Набавени се 535 возила за војската, полицијата,

29/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео на Фејсбук на кое се прикажани новите возила што ги набави Владата во изминативе месеци

ВИЊЕТКИТЕ НЕ СЕ ПРАВИЧНА ОПЦИЈА, ЌЕ СЕ РАЗВИВА ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА Николоски за патарините

29/10/2026

Македонија засега нема да ги замени патарините со вињетки, а наместо тоа, државата ќе се насочува кон електронска наплата и

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со 53 пратенички места, но нема

29/10/2026

Според резултатите прикажани на графиконот, со 98% преброени гласови, блокот на Бенјамин Нетанјаху има 53 пратенички места, додека блокот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy