Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРГОВЦИТЕ „ВИНОВНИ“ ШТО ЦЕНИТЕ ТЕШКО СЕ СИМНУВААТ ОД НЕБО? – Еве што покажа истражувањето на „Фајненс тинк“ за поскапувањата
Економија

ТРГОВЦИТЕ „ВИНОВНИ“ ШТО ЦЕНИТЕ ТЕШКО СЕ СИМНУВААТ ОД НЕБО? – Еве што покажа истражувањето на „Фајненс тинк“ за поскапувањата

05/09/2023

AA

Колкав и каков
уддел имаат трговците врз растот на цените? Но, и колку новиот бран поскапувања
во малопродажбата е под влијание на растот на цените во светот, а колку поради
домашни „интервенции“. На оваа тема посебна анализираше Институтот за економски
истражувања и политики „Finance Think“.

– 
Наглиот
пораст на цените на прехранбените производи и енергентите во 2022 година
претставуваше голем товар за граѓаните и фирмите. Во февруари 2023, Владата воведе
мерка за замрзнување на цените на белиот и полубелиот леб, млечните производи,
тестенините, овошјето и зеленчукот. Оваа мерка траеше до 30 јуни, заедно со
продолжената мерка за ограничување на трговските маржи на основните прехранбени
производи.

По
врвот достигнат во март 2022 година, цените на храната на глобалната сцена,
изразени преку ФАО индексот, забележаа пад од 0,8 проценти во април 2022, и тоа
најмногу кај растителните масла и житарките, пад кој продолжи во остатокот од
годината. Од друга страна, во домашната економија, цените за храната и
пијалаците продолжија да растат до ноември 2022, со први знаци на стабилизација
дури во декември 2022.
Драстичното зголемување на цените на прехранбените
производи и потребата од нивна (привремена) регулација, отвори дискусија околу
тоа колку инфлацијата е резултат на трансмисија на меѓународните цени врз
цените на домашните производи и услуги, а колку може да се должи на
однесувањето на домашните производители и трговците со цел максимизација на
профитите – пишуваат аналитичарите на „Фајненс тинк“ во нивниот последен бриф.

Од анализите кои
ги изработиле, добиле потврда дека со раст на цените на светско ниво растат и
цените на нашиот пазар. Но, исто така утврдиле дека со намалување на цените во
светот, оваа тенденција не се пренесува во иста мера и во Македонија.

– 
Пресметки
укажуваат на застапена трансмисија на глобалните цени на храната во
македонската економија. Анализата на трансмисијата од месец во месец укажа дека
кога глобалните цени растеа, тие се пренесуваа и од производителите и од
трговците, но со многу позасилен интензитет од трговците. Кога глобалните цени
опаѓаа, преносот врз македонските цени беше главно оневозможен и од производителите
и од трговците, со тоа што повторно улогата на трговците во отпорот цените да
се намалуваат беше значајно поголема
– пишува во истражувањето.

Дополнуваат дека,
импулсните одговори на шоковите во меѓународните и производствените цени на
храната, процениле оти веднаш, а најдолго во рок од седум месеци, импулсниот
одговор како резултат на шокови во ценовниот синџир е поголем кај цените на
финалните производи (0.47 п.п.) отколку кај цените на производителите на храна
(0.25 п.п.).

– 
Резултатите
потврдуваат дека при трансмисијата на меѓународните цени на храна врз финалните
цени во ваков поголем рок, поголема улога повторно играат трговците.

Антикризните мерки што беа воведени во 2022 година помогнаа да се ублажат
притисоците врз цените на храната, а преку директни трансфери се понуди и доходна
поддршка. Линеарните мерки, како што се намалување на повластена стапка на ДДВ,
замрзнување на цените и трговските маржи, како и ослободување од царински
давачки, можат да влијаат врз намалување на ефектот на трансмисија на цените на
храната. Според ММФ, потребно е да се овозможи соодветна сигнализација на
потрошувачите и производителите, со оглед на тоа што ограничената трансмисија
може да нанесе поголем притисок врз помалку развиените економии со ограничени
фискални капацитети. Во таа насока, фискалната политика треба постепено да ја
намали поддршката за линеарни мерки, и подобро да ги таргетира сите преостанати
мерки со цел да дозволи домашните цени да ги одразуваат ценовните сигнали
– се посочува
во анализата.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy