Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРЕНДАФИЛОВ ИТНО ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА ПРАТЕНИЧКАТА СТОЈАНОСКА Минималната плата ќе се покачи согласно законот
Македонија

ТРЕНДАФИЛОВ ИТНО ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА ПРАТЕНИЧКАТА СТОЈАНОСКА Минималната плата ќе се покачи согласно законот

12/02/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски го обвини претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, дека користи недоличен речник кон пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска и побара да ѝ се извини.

Премиерот оцени дека реакцијата на Трендафилов откако Стојаноска објави видео на кое се гледа како тој го користи службеното возило, е недостојна за јавна личност. Трендафилов вчера ја нападна Стојаноска дека на видеото ги објавила неговите две деца и побара одговорност од неа.

Мицкоски денеска нагласи дека во видеото на Стојаноска внимателно се третирани малолетните лица и побара итно извинување.

– Сите оние навреди што ги кажа заслужуваат во најмала рака денеска пратеничката Дафина Стојаноска да добие извинување од негова страна. Доколку тоа не го стори, уште еднаш ќе ја пропушти шансата да видиме човечки материјал во него и сето она што го кажа, по оној фројдовски модел, претпоставувам длабоко во него работи потсвеста и токму тоа го мисли за самиот себе – речеМицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Владата планира да се вклучи во дијалог помеѓу работодавачите и ССМ, со оглеД дека синдикалците не се откажуваат од барањата за 600 евра минимала плата и најавуваат генерален штрајк, премиерот рече дека стратегијата на ССМ е директно мотивирана од опозицијата. Според него, јавноста набрзо ќе види дека лицата кои блокираат се всушност истакнати партиски активисти и членови на органи на опозициски партии.

Мицкоски смета дека опозицијата го користи Трендафилов за да ѝ нанесе штета на Владата.

– Тие мислеа дека ќе најдат прокси преку Слободан Трендафилов, кој е влезен во една специфична состојба кога се обидува да биде на сцената во Македонија. Од друга страна кога ќе биде критикуван тогаш почнува да навредува и со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри, сопруги – рече Мицкоски.

Тој повтори дека Владата ќе ги искористи законските механизми за нивелирање на платите и за покачување на минималната плата согласно законот. Потсети дека веќе се потпишани колективни договори до 2028 година со 99 отсто од вработените на кои Владата им е работодавец.

Премиерот додаде дека еден синдикален лидер кој претходно велеше дека потпишал историски договор со Владата, само два дена подоцна се солидаризирал со протестите.

– И повторно ги малтретираат скопјани, мислејќи дека ако така ги претстават политичките барања на опозицијата преку ССМ,  ќе добијат некакви симпатии кај граѓаните. Мислам дека им е неуспешна стратегијата – рече Мицкоски.

Додаде дека Владата е подготвена да преговара за општиот колективен договор чија важност е истечена.

– Барањата се во рамките на институциите, затоа постои Економско-социјалниот совет, затоа постои бипартитниот дијалог, разговор. Ова денеска има политичка позадина, инструирано, мотивирано и инспирирано од страна на опозицијата, а Слободан Трендафилов е само прокси, а тоа ќе го видат и граѓаните од она што ние го поседуваме. Јавноста заслужува да види кои се лицата што блокираат и каква врска имаат со политичките партии од опозицијата – рече премиерот Христијан Мицкоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy