Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДБРАНАТА НА НИНО ВАСЕВ ЈА ОСПОРИ СТРУЧНОСТА НА ВЕШТАКОТ ОД СЛОВЕНИЈА Онкологот најдобро го познава пациентот и може да знае дали некој лек ќе има ефект
Македонија

ОДБРАНАТА НА НИНО ВАСЕВ ЈА ОСПОРИ СТРУЧНОСТА НА ВЕШТАКОТ ОД СЛОВЕНИЈА Онкологот најдобро го познава пациентот и може да знае дали некој лек ќе има ефект

12/02/2026

AA

Вештите лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје одговараа на вкрстени прашања на одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.

Вештачењето на медицинската документација за лекувањето на вкупно 51 пациент за Обвинителството го има изработено вештакот Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија заедно со асистентката Јасмина Јордан, од истиот факултет.

На прашање од адвокатот Боби Спирковски, бранител на Нино Васев, дали и од кога докторката Маја Равник има валидна лиценца за вештак во Словенија, таа рече дека била именувана за вештак со одлука на Комисијата за судски вештачења при Медицинскиот факултет во Марибор. Тоа, правно гледано е еднакво како и кога би била овластен судски вештак, што не е, објасни таа и нагласи дека за тоа била информирана Македонија.

– За толку сложен и тежок предмет не сум соработувала. Сум имала вештачења и сум давала мислења исклучиво во Словенија – изјави Равник.

На прашање од одбраната зошто во вештачењето не дава податок кој доктор, кога и со кој документ ја препишал конкретната терапија, со оглед дека врз основа на тоа треба лицето што направило пропуст да биде осудено, Равник рече дека во своето вештачење „според моја добра совест можев да дадам мислење дали лекувањето било во согласност со добрата клиничка пракса“.

– Точно е дека во наодите не гледав кој е потпишан, иако сега по сеќавање можам да тврдам дека во документацијата на ист ден беа забележани податоци од разни доктори. Ако е тоа важно, можам да го дополнам – појасни сведокот.

На прашање врз основа на што тврди дека терапијата мора да биде во согласност со европската пракса, сведокот рече дека во добрата онколошка пракса протоколите се важни за добро лекување на пациентите.

– Во протоколите е унифицирано како онколозите да пристапат кон лекувањето. Во протоколите се сите пракси во кои со студии е докажано дека лекувањето е ефикасно и безбедно кај одредени онколошки пациенти. Тоа се правила на лекување, кои важат за сите онколози во светот и во Европа и своето мислење го дадов врз основа на тие правила – изјави сведокот.

За тоа дали се запознала со протоколите во Македонија, Равник рече дека не се согласува со мислењето дека европските протоколи важат само за ЕУ бидејќи се исти како и протоколите и насоките на ниво на цел свет.

– Дозволувам минимални разлики при државните протоколи, кои може да се однесуваат на националните пракси, но стручно не смее да ја заобиколат медицината поткрепена со докази. Затоа тврдам дека земајќи ги предвид меѓународните протоколи, праксата не би смеела да отстапува од тие правила – изјави сведокот.

За тоа дали пред да го изготви вештачењето им бил доставен протоколот за лекување од Министерството за здравство на Македонија, сведокот рече дека не ги добила националните протоколи.

– Но, како што кажав, националните протоколи секогаш се во согласност со европските и со светските протоколи. Затоа наводите што ги дадов за неиндицирано лекување се темелат на докази и докажани разни медицински студии, што значи со докази поткрепена медицина – изјави сведокот.

На прашање од одбраната дали ЕСМО-насоките се задолжителни или едукативни, Равник рече дека се задолжителни, а истовремено и едукативни.

– Во Словенија е исто. Најпрвин што мора да провериме се националните насоки, кои секогаш се во согласност со европските, односно светските протоколи. Уште еднаш потенцирам дека и националните протоколи мора да се темелат на медицина базирана на докази – изјави сведокот.

Во однос на околностите дека протоколите се живи и се менуваат на половина до една година и дали во вештачењето се воделе од протоколите во 2025, а се однесуваат на лекување пациенти во 2018 година, таа посочи на кои протоколи се повикувала, а кога биле ажурирани се гледа од секој запис. Таа нагласи дека ги зела предвид актуелните во времето на издавање на вештачењето.

– Насоките не се менуваат така како што сега се разбира. Не значи дека во онкологијата на половина или на една година сосема се менува пристапот кон лекување на пациентите болни од карцином, туку се дополнуваат во одредени сегменти и каква и да била промената, точно е објаснето. Тоа значи дека во протоколите не се негира одредено со докази поткрепено лекување, туку го дополнува со дополнителни докази. Затоа е точно тоа што беше кажано дека се живи протоколи – изјави сведокот.

Прашана за дискреционото право на лекарите што лекуваат да поставуваат дијагноза, таа рече дека онколог што го лекува пациентот секако најдобро го познава тој пациент и може да знае дали одреден лек ќе има ефект, но ако е надвор од протоколите, тоа мора да биде јасно наведено и поткрпено со конзилијарно мислење. Одлуката на конзилиумот, како што нагласи сведокот, е обврзувачка за онкологот.

– Директната одговорност за лекувањето ја презема оној што го препишува лекот, но одлуката на конзилиум не е таква што се заобиколува. Ако се советува одредено лекување, на онкологот останува на кој начин и со која доза тоа ќе биде направено, односно ако пациентот го одбие, тоа му се објаснува и заедно одлучуваат. Сепак, мислењето на конзилиумот е рамката во која се движи – изјави сведокот.

Во однос на стручноста, Равник на почетокот нагласи дека во текот на 2011 го положила европскиот испит за интернистичка онкологија, во 2012 положила специјалистички испит од интернистичка онкологија и од тогаш работи на Клиничкиот центар во Марибор како прв онколог, а од 2016, кога е формиран одделот, е началник на одделот. Од 2022 година е национален координатор за специјализација во Словенија.

Одбраната на Нино Васев на почетокот на неделата до судот достави вешт наод и мислење од вештото лице Владимир Даниловски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска. За сослушување на вештите лица од Словенија се закажани повеќе рочишта неделава.

Во согласност со најавената динамика, кон крајот на март ќе треба да се почне со сослушување вешти лица од Србија, кои исто така работеле медицински вештачења за Обвинителството.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање,

28/07/2026
Македонија

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“

28/07/2026
Македонија

Прв потежок случај: Пациент со западно-нилска треска во критична состојба

28/07/2026
Македонија

Мицкоски: „Следната недела очекувам намалување на дизелот и бензините“

28/07/2026
Македонија

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“, измамниците

28/07/2026
Македонија

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела

28/07/2026
Македонија

Исплатени рекордни 560 милиони денари за боледувања во јули –

28/07/2026
Македонија

Алмир Даути назначен за в.д. директор на „Комуналец“ Гостивар по

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44723
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање, ДУИ се заканува со Бадентер

28/07/2026

Предлог-законот за правична застапеност сè уште ја чека одлуката на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за да биде ставен на

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“ во Македонија

28/07/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) досега евидентираше случаи на дури четири различни вектор-преносливи заболувања во земјава. Заклучно со последните податоци,

Прв потежок случај: Пациент со западно-нилска треска во критична состојба и приклучен на респиратор

28/07/2026

Повозрасен пациент кај кој е потврдено присуство на западно-нилска треска се наоѓа во животозагрозувачка состојба. Станува збор за 76-годишен скопјанец

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy