Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трансформативната моќ на ЕУ се чувствува и низ процесот на пристапување
Економија

Трансформативната моќ на ЕУ се чувствува и низ процесот на пристапување

15/01/2024

AA

Во период на глобални предизвици, Европската Унија важи за симбол на
трансформација и напредок. Членството за Македонија нема да биде само формален
процес кон една политичка и економска заедница, туку ќе има длабоко влијание во
речиси сите делови на општествениот живот.

Со влезот во Унијата, Македонија ќе се отвори кон огромен и интегриран
економски пазар од над 500 милиони потрошувачи. Отстранувањето на трговските
бариери и усвојувањето на европските стандарди, дополнително ќе ја подобрат
бизнис климата и економскиот раст на земјата. Членството само по себе значи и
спроведување на сеопфатни политички и правни реформи, како и реформи во јавната
администрација. Во пошироки размери, да се биде дел од ЕУ значи и стабилност и
безбедност. Трансформативната моќ на членството во ЕУ има свои опипливи примери
кои го покажуваат длабокото влијание врз земјите-членки.

Преку процесот на пристапување во ЕУ и на македонските креатори на политики
на располагање им се ставаат голем број на алатки кои го олеснуваат
транспонирањето на европското законодавство, а преку тоа и пренесувањето на
европските вредности дома. Секоја земја-членка има придобивки од членството во
ЕУ, без разлика колку економски или политички била развиена пред нејзиното
пристапување во Унијата.

Придобивките не се чувствуваат само по членството, туку во текот на целиот
процес на пристапување. Преку сеопфатно прикажување на трансформативните ефекти,
може подобро да се разбере улогата што ЕУ ја игра во поттикнувањето на
стабилноста, развојот и соработката меѓу нејзините земји-членки и кандидатки. Во
оваа анализа издвојуваме неколку примери како земјите-кандидатки целосно имаат
сменето аспекти од општественото уредување во позитивна насока и благодарение
на процесот на пристапување во Унијата.   

Економски просперитет: Примерот
со Естонија

Естонија, некогаш дел од Советскиот Сојуз, денеска е успешна приказна во
ЕУ. Откако стана членка во 2004 година, земјата доживеа извонреден економски
раст. Европскиот пазар ја олесни трговијата, привлекувајќи странски инвестиции
и поттикнувајќи го претприемништвото. Естонскиот БДП по глава на жител е речиси
тројно зголемен, што најдобро ја покажува способноста на Унијата да го
катализира економскиот просперитет.

Естонија важи и за предводник на дигитализацијата во Европа и е препознаена
како едно од најнапредните дигитализирани општества во светот, фокусирано пред сè,
да обезбедува и целосни он-лајн јавни услуги за своите граѓани.

Мир и стабилност:
Француско – германското пријателство

Основачкиот принцип на ЕУ беше промовирање на мирот и стабилноста по двете
светски војни. Продлабочувањето на соработката меѓу Франција и Германија, земји
кои се сметаа за вечни непријатели, е пример за оваа трансформативна моќ.

Членството во Унијата создаде нови односи меѓу двете земји, и ја зголеми
соработката, пред сè, во економијата. На овој начин, непријателите се претворија
во сојузници, придонесувајќи за помирен и постабилен економски континент.

Еколошки
напредок: Зелената транзиција на Шведска

Посветеноста на Шведска за одржливост на животната
средина беше забрзана со членството во ЕУ. Пристапот до заедничките политики и
механизмите за финансирање на ЕУ и овозможи на Шведска да спроведе амбициозни
зелени иницијативи.

Од инвестиции во обновливи извори на енергија до строги
регулативи за заштита на животната средина, Шведска важи за пример и се смета
за еколошки патоказ во ЕУ.

Културна размена:
Еразмус програма

Програмата Еразмус која важи за една од водечките
иницијативи на ЕУ, го трансформираше животот на милиони студенти. Со
промовирање на културни размени и академска соработка, програмата создаде
генерации на отворени и меѓународно свесни поединци.

Отвори врата за многу млади луѓе да студираат во други
држави и да се запознаат со нови јазици и култури. Оваа културна интеграција
поттикнува единство и разбирање, надминувајќи ги границите и промовирајќи го
европскиот идентитет. 

Во македонски контекст, интеграцијата ќе им понуди шанса
на младите да учествуваат во различни програми за млади, иновативни и културни
фондови финансирани од ЕУ и тоа ќе им даде шанса да ги прошират своите
хоризонти и да научат за различни култури и перспективи, што може да придонесе за
поттикнување на разбирањето и соработка преку границите, што е клучно за овој
регион да ги надмине стигматизациите за едни кон други и да се фокусира на
заедничка европска визија.

Подобрување на
судскиот систем: Хрватска

Членството во ЕУ се покажа како катализатор за
трансформативни промени и во делот на судскиот систем, креирајќи го курсот на
државите кон поголема заштита на правда, еднаквост и достоинство.

Влезот во ЕУ, во Хрватска поттикна позитивни промени во
судскиот систем, пред сè, преку усогласување со европските правни стандарди,
воспоставување на нови надзорни тела и зголемување на судската независност.
Дополнително, пристапот до европските судски институции, и надзорот врз тоа
како се трошат европските пари, ја зголеми транспарентноста на домашните
институции, го намали нивото на криминал и корупција и го зајакна хрватскиот судски
систем. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОСТАПУВААТ БЕЗ ДВОЈНИ

16/11/2026
Македонија

СЕ ПРЕДАДЕ НАСИЛНИКОТ ШТО ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА НИЗ ПРОЗОРЕЦ

16/11/2026
Македонија

ПО ПОВЕЌЕЧАСОВНА ПОТРАГА НАЈДЕН ПЛАНИНАР КОЈ СЕ ИЗГУБИЛ ВО МАРИОВО

16/11/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ДОЛЖНОСТА ШЕФ НА ОЈО ГОКК

16/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ СОКРИ НА БИХАЌКА ОТКАКО СЕ ОТКРИ ВИСТИНАТА ЗА

16/11/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОХРИЃАНЕЦОТ КОЈ ЈА ПРЕТЕПА ДЕВОЈКАТА Судот му

16/11/2026
Македонија

ЗАГИНА Д-Р МАЛТИНА ФЕРАТИ ОД КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ТЕТОВО Таа е

16/11/2026
Македонија

МАЈКАТА НА ПРЕТЕПАНАТА САРА ОБВИНИ ДЕКА МОМЧЕТО САКАЛО ДА СЕ

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46788
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОСТАПУВААТ БЕЗ ДВОЈНИ СТАНДАРДИ Државата има обврска да

16/11/2026

Случајот со 26-годишната девојка од Охрид, која беше брутално претепана, како и неодамнешната трагедија со 17-годишната девојка која го загуби

СЕ ПРЕДАДЕ НАСИЛНИКОТ ШТО ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА НИЗ ПРОЗОРЕЦ Битолската полиција ги уапси

16/11/2026

  Полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки

ПО ПОВЕЌЕЧАСОВНА ПОТРАГА НАЈДЕН ПЛАНИНАР КОЈ СЕ ИЗГУБИЛ ВО МАРИОВО Паднал и се онесвестил, кога

16/11/2026

По повеќечасовна потрага, денеска (16.11.2026 година), во 10:15 часот, во село Кален, во Мариовскиот регион, е пронајден 62-годишниот планинар кој

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy