
ТРАГЕДИЈА: Тешка несреќа во Скопје, загина 25-годишен пешак
На 31.07.2023 во 23.25 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Словенечка“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото „мерцедес“ удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје.
По несреќата пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите, а од страна на лекар констатирана била смрт.
Возачот С.О. и неговата сопатничка М.О.(28) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 ми Септември“.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
