Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трагедија по пожарот во Гази Баба: Пронајдено јагленисано машко тело при увидот во изгорените магацини
Македонија

Трагедија по пожарот во Гази Баба: Пронајдено јагленисано машко тело при увидот во изгорените магацини

14/12/2025

AA

Страшна глетка ги дочека истражните органи утрово во скопската населба Гази Баба. При вршење на увид на местото каде синоќа избувна голем пожар во магацински простории, пронајдено е безживотно, опожарено тело на машко лице.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, пожарот бил пријавен синоќа (13.12.2025) во 21:29 часот. Пламените јазици зафатиле два магацини лоцирани во кругот на фабрика.

Сопственик на опожарените објекти е 46-годишниот М.Р., кој просториите ги издавал под наем на други лица. Екипите на Бригадата за противпожарна заштита Скопје веднаш интервенирале и успеале да го изгаснат пожарот во текот на ноќта.

Вистинските размери на трагедијата се откриени денеска (14.12.2025), кога полициските екипи започнале со вршење на детален увид.

Во еден од објектите, кој под наем го користел М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице. Идентитетот на жртвата засега не е соопштен.

Полицијата и Јавното обвинителство преземаат засилени мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на причините за пожарот и идентификување на загинатото лице.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy