Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРАГЕДИЈА КАЈ ВАЛАНДОВО: 34-годишен мотоциклист загина по судир со трактор
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ ВАЛАНДОВО: 34-годишен мотоциклист загина по судир со трактор

06/09/2025

AA

Триесет и четиригодишен мотоциклист од валандовското село Јосифово вчера попладне го загуби животот како последица од тешките повреди со кои се здобил во сообраќајна несреќа по судир со трактор.

Трагичниот настан се случил вчера околу 14:00 часот на регионалниот пат меѓу селата Јосифово и Пирава, во близина на месноста викана „Железен мост“. Според полицискиот извештај, дошло до судир меѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од 34-годишниот С.К. од Јосифово, и трактор „ИМТ“ со приколка, кој го управувал 75-годишниот В.Т. од село Пирава.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди. Тој веднаш бил пренесен во болницата во Валандово, но поради сериозноста на состојбата, итно бил префрлен на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

И покрај напорите на лекарите, младиот човек им подлегнал на повредите и починал во 17:30 часот.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Валандово, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy