ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ТЕПАЛЕ ВРСНИЧКА И СЕ СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОНИ Полицијата ги приведе
Полицијата во четвртокот вечерта во Скопје привела две малолетни девојчиња, кои биле пријавени дека пресретнале друго девојче, кое го тепале и го ограбиле, а насилството го снимале со телефон, соопшти МВР.
„На 19.11.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода две малолетнички од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:10 часот пресретнале друга малолетничка, при што едната од нив физички ја нападнала, а другата ѝ одзела лични работи и пари и ја снимала со мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.
.
Извор: plusinfo.mk