Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на СДС се гнасни лаги, Обвинителството да престане да ги штити и да ги истражи
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на СДС се гнасни лаги, Обвинителството да престане да ги штити и да ги истражи

06/09/2025

AA

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција ги отфрли како „гнасни и истовремено глупи лаги“ обвинувањата изнесени од потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, во врска со случајот АНБ. Од партијата го пренасочија притисокот кон Јавното обвинителство, кое го повикаа веднаш да одговори на сите прашања и да престане да дозволува создавање шпекулации кои, според нив, СДСМ ги користи за водење „прљава и лажна кампања“ против Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека обвинувањата на СДСМ се истите тези кои ги повторувале со години без никаков епилог и го поставија клучното прашање: „Зошто не е уапсен? 7 години на власт, следење, подметнувања, обиди за рушење во партијата, и пак ништо“, се вели во соопштението.

Партијата го обвини Обвинителството дека со своето молчење докажува оти „игра по нотите на СДС“ и дека е главна пречка за борбата против корупцијата во државата.

„Ги прашуваме како е можно после 1 година без СДС и ДУИ во власта, после сите докази што им се доставени и после сите афери… обвинителството молчи, и ги штити криминалците“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие го повикаа Обвинителството да започне истрага токму за случаите кои СДСМ ги наметнува, вклучително и за следењето, но и да ја истражи целата работа на институциите под раководство на претходната власт на СДСМ и ДУИ.

„Со молчење и со шурување со СДС и ДУИ, обвинителството станува дел од оската на корупција и политикантство и како и ДУИ и СДС, срам за државата“, заклучуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy