Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТОА БИ БИЛО ОТВОРЕНА ОБЈАВА НА ВОЈНА НА УНГАРИЈА Орбан против планот за брз прием на Украина во ЕУ
Македонија

ТОА БИ БИЛО ОТВОРЕНА ОБЈАВА НА ВОЈНА НА УНГАРИЈА Орбан против планот за брз прием на Украина во ЕУ

11/02/2026

AA

Планот на Европската унија од пет точки за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го пишувањето на бриселскиот портал „Политико“ за постоењето на таков план.

Орбан наведе дека „Политико, официјалниот весник на бриселската елита“, го објавил најновиот воен план на Брисел и Киев, кој според него, е план на украинскиот претседател Володимир Зеленски од пет точки, пренесува МТИ.

– Одлучија дека Украина ќе биде примена во ЕУ веќе во 2027 година, додаде Орбан.

„Новиот план е отворена објава на војна на Унгарија. Тие се потсмеваат на одлуката на унгарскиот народ и сакаат да ја отстранат унгарската влада од патот по секоја цена. Сакаат да дојде Тиса, бидејќи тогаш веќе нема да има вето, веќе нема да има отпор и веќе нема да има изјаснување. Сè уште можеме да ги запреме овој април. Фидес е сигурен избор за ова“, напиша Орбан во објава на Фејсбук.

Унгарската влада се залага за спречување на влезот на Украина во ЕУ, а Орбан тоа го стави во центарот на својата кампања за парламентарните избори во април.

„Политико“ вчера објави дека Брисел прави план без преседан кој би можел да ѝ овозможи на Украина делумно членство во блокот веќе следната година. Овој план, кој бриселскиот портал го објави врз основа на разговори со пет дипломати, кои претставувале различни земји, како и три официјални лица на ЕУ и две украински официјални лица, подразбира „дека постојат неколку начини ЕУ да го заобиколи Орбан“. Првиот е Брисел да ги почека унгарските избори и да се надева дека Орбан ќе изгуби од главниот ривал Петер Маѓар, кој би имал поинаков пристап кон Украина. Ако Орбан победи, лидерите на ЕУ би можеле да се обидат да го ангажираат претседателот на САД, Доналд Трамп, да влијае врз унгарскиот премиер да го отстрани ветото. Во случај тие две можности да пропаднат, ЕУ би можела да го активира членот 7 од Договорот како последна опција која може да го блокира унгарскиот напор да застане на патот на членството на Украина.

Членот 7 овозможува суспензија на одредени права на држава членка, вклучувајќи го и правото на глас во Советот, ако таа држава тешко и трајно ги крши основните принципи на ЕУ. Суспензијата го вклучува и правото на државата да одлучува за тоа дали да се прими нова земја во членство, наведе „Политико“.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за три лица за давање и примање поткуп

29/07/2026
Македонија

Сериозна е состојбата на 76-годишен скопјанец со западнонилска треска

29/07/2026
Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата – најдолги чекања на Богородица

29/07/2026
Македонија

ДПИ за една недела изврши 518 контроли и изрече казни

29/07/2026
Македонија

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање,

28/07/2026
Македонија

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“

28/07/2026
Македонија

Прв потежок случај: Пациент со западно-нилска треска во критична состојба

28/07/2026
Македонија

Мицкоски: „Следната недела очекувам намалување на дизелот и бензините“

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44727
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за три лица за давање и примање поткуп при стручен испит за стоматолози

29/07/2026

Три лица се пријавени за кривични дела поврзани со давање и примање награда за противзаконито влијание, како и примање поткуп,

Сериозна е состојбата на 76-годишен скопјанец со западнонилска треска

29/07/2026

Седум пациенти кај кои е потврдена западнонилска треска се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, а кај еден од нив

Зголемена фреквенција на патиштата – најдолги чекања на Богородица

29/07/2026

Засилен сообраќај е регистриран утрово на патиштата низ земјава, а најголем метеж има на граничниот премин Богородица, каде што возачите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy