Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Девојка повредена во автобус во Скопје – граѓани алармираат за несоодветна работа на јавниот превоз
Македонија

Девојка повредена во автобус во Скопје – граѓани алармираат за несоодветна работа на јавниот превоз

11/02/2026

AA

Синоќа, околу 23 часот, во преполн автобус на линијата 23, девојка се здобила со повреди кога возачот нагло закочил на семафор. Според очевидец, околу 20 патници биле фрлени од задниот кон предниот дел на автобусот, при што некои паѓале на земја со откорнати држачи околу нив. Во хаосот следеле плачење, повреди и болки, а возачот продолжил со возењето и покрај тоа што повреденото лице лежело на патот.

Очевидецот посочува дека слична ситуација се случила пред околу еден месец во Автокоманда, и упатува апел до Владата на Република Северна Македонија и Град Скопје, преку градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, да се контролира кој управува со автобусите, дали имаат соодветно искуство и дали возилата се исправни.

„Возачите застануваат кога сакаат и каде сакаат, многумина користат мобилен телефон или цигара и повеќе се расправаат со патници отколку што го следат сообраќајот“, истакнува граѓанинот, додавајќи дека возачите понекогаш реагираат агресивно на прекршоци поврзани со новите правила на Сејф Сити.

Граѓаните се повикуваат на внимателност при користење на јавниот превоз, особено во преполни автобуси, и да не користат мобилни телефони за време на возењето, бидејќи и мало невнимание од несовесен возач може да предизвика сериозни телесни повреди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Две лица од гостиварско уапсени за организирање борби на кучиња

29/07/2026
Македонија

Нов топлотен бран ја зафаќа Македонија, температурите ќе надминат 40

29/07/2026
Македонија

Кривична пријава за три лица за давање и примање поткуп

29/07/2026
Македонија

Сериозна е состојбата на 76-годишен скопјанец со западнонилска треска

29/07/2026
Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата – најдолги чекања на Богородица

29/07/2026
Македонија

ДПИ за една недела изврши 518 контроли и изрече казни

29/07/2026
Македонија

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање,

28/07/2026
Македонија

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44729
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Две лица од гостиварско уапсени за организирање борби на кучиња

29/07/2026

Две лица од гостиварскиот регион се лишени од слобода поради сомнение дека организирале борби на кучиња, соопшти Министерството за внатрешни

Нов топлотен бран ја зафаќа Македонија, температурите ќе надминат 40 степени

29/07/2026

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура

Кривична пријава за три лица за давање и примање поткуп при стручен испит за стоматолози

29/07/2026

Три лица се пријавени за кривични дела поврзани со давање и примање награда за противзаконито влијание, како и примање поткуп,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy