МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет, тој тврди дека го нападнал болничар
35-годишен штипјанец со тешки телесни повреди бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а околностите под кои се повредил се предмет на проверка.
Неговиот татко пријавил дека на 16 септември од јавната здравствена установа во гевгелискиот регион, каде што неговиот син се лекувал, бил известен дека тој паднал од кревет и се повредил.
Но, повредениот дал поинаква верзија на настанот. Според неговата пријава, додека бил во установата, физички бил нападнат од болничар.
Пет дена подоцна, на 21 септември, случајот бил пријавен во СВР Скопје, откако 35-годишниот Р.Ј. бил донесен на скопските клиники со тешки телесни повреди.
Полицијата презема мерки за да се утврди што точно се случило и како настанале повредите.
Засега нема потврда од надлежните дека 35-годишниот навистина бил физички нападнат од болничар, ниту се соопштени дополнителни детали за повредите.
.
Извор: plusinfo.mk