📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела дека е куче додека не му пришла поблиску
Жена се нашла лице в лице со диво животно на плажа во Неос Мармарас, едно од омилените грчки летувалишта на македонските туристи. Прво помислила дека гледа куче, но кога му се приближила на само неколку чекори сфатила дека пред неа стои диво животно, најверојатно златен шакал.
Средбата се случила околу 2 часот по полноќ, во близина на спортскиот терен. Жената, која работи во летувалиштето, решила да се искапе по завршувањето на смената.
Кога го забележала животното на плажата, му се приближила мислејќи дека е куче. Дури од непосредна близина ја забележала грешката.
Напад немало. Жената успеала да остане на безбедна дистанца, а животното продолжило да оди по плажата.
– Не можам да направам разлика меѓу волк и шакал – изјавила таа по средбата.
На видеото објавено од „Халкидики њуз“ се гледа животното како ноќе се движи по песокот. Според изгледот наликува на златен шакал, но од снимката не може со сигурност да се утврди за кој вид станува збор.
.
Извор: plusinfo.mk