ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од граѓани
Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била организирана интервенција за негово извлекување.
„Околу 17.30 часот од подрачјето на Шар Планина со хеликоптер е пренесено безживотно тело, пронајдено на над 2.500 метри надморска височина“, соопшти СВР Тетово.
Полицијата засега не го соопштува идентитетот на починатиот, ниту околностите во кои настапила смртта. Повеќе информации се најавени за утрешниот ден.
Дел од медиумите објавија дека станува збор за планинар-алпинист на возраст од околу 70 години од тетовското село Џепчиште, но оваа информација засега не е потврдена од МВР.
.
Извор: plusinfo.mk