Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАРИФНИТЕ ТЕНЗИИ РАСТАТ: Трамп со нови закани, ескалира конфликтот – „Не ни требаат вашите производи“
Економија

ТАРИФНИТЕ ТЕНЗИИ РАСТАТ: Трамп со нови закани, ескалира конфликтот – „Не ни требаат вашите производи“

11/03/2025

AA

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше канадските власти и рече дека Америка наскоро ќе покаже дека не и требаат канадски производи.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека Канада најавила воведување дополнителни царини за САД.

„И покрај фактот што Канада им наплаќа на САД од 250 до 390 проценти тарифи на многу од нашите земјоделски производи, Онтарио штотуку објави доплата од 25 отсто на „електричната енергија“, за сите работи, а вам дури и не ви е дозволено да го правите тоа. Бидејќи нашите тарифи се реципрочни, само ќе го вратиме сето тоа на 2 април. Канада е злоупотребувач на тарифите и отсекогаш била, но Соединетите Држави повеќе нема да ја субвенционираат Канада. Не ни требаат вашите автомобили, не ни треба вашата граѓа, не ни е вашата енергија потребна и многу брзо ќе го дознаете тоа. НАПРАВИ ЈА АМЕРИКА ПОВТОРНО ОДЛИЧНА!!!“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа.

Премиерот на Онтарио, лидер на најнаселената провинција во Канада, објави дека од понеделник наплаќа 25 отсто повеќе струја за 1,5 милиони Американци како одговор на трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Онтарио ги снабдува со електрична енергија Њујорк, Минесота и Мичиген.

„Нема да се двоумам да ја зголемам оваа такса. Ако САД ескалира, нема да се двоумам целосно да го исклучам напојувањето. Верувајте ми кога велам дека не сакам да го правам ова. Се чувствувам ужасно за американскиот народ кој не ја започна оваа трговска војна. Едно лице е одговорно, а тоа е претседателот Трамп“, рече водачот на провинцијата Даг Форд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
Македонија

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош

22/08/2026
Македонија

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
Македонија

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45189
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот во Струмица

22/08/2026

Голем пожар попладнево се прошири во атарите на селата Баница и Водоча и месноста Софилар, при што огнената линија стигна

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026

Бројот на пожари на отворен простор во земјава продолжува да расте. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026

Големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица продолжува да се гаси, а во интервенцијата е вклучен и еден

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy