Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сведоштво на Иван Данаилов: Малолетници, без фискални сметки и паника при евакуацијата во „Пулс“
Македонија

Сведоштво на Иван Данаилов: Малолетници, без фискални сметки и паника при евакуацијата во „Пулс“

26/01/2026

AA

Иван Данаилов (25) во своето сведоштво изјави дека уште на 16-годишна возраст првпат влегол во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога бил малолетник, посочувајќи дека и тогаш, како и кобната вечер на 16 март, во објектот имало малолетни лица.

Тој наведе дека во дискотеката пристигнал околу 00:50 часот, сам, по покана за роденден. Билет купил на билетарата десно од скалите, од лице кое, според него, секогаш било задолжено за продажба на карти. За купената карта, како што рече, никогаш не добивал фискална сметка. На влезот имало обезбедување, но таа вечер не му побарале личен документ. Данаилов посочи дека во минатото имало случаи кога бил враќан поради тоа што бил малолетен.

Според неговиот опис, влезот во дискотеката водел преку скали, по што следувала обична врата, краток ходник и таканаречена „каубојска“ врата што се отвора на двете страни. Тој наведе дека постоел и уште еден влез-излез, лоциран лево во аголот покрај бината, но дека никогаш не видел некој да го користи.

Данаилов изјави дека внатрешноста на дискотеката била реновирана во последната година, при што биле отстранети терасите над шанкот и изменета била бината. Кобната вечер тој се наоѓал во првиот ред, веднаш пред бината. Настапот на групата ДНК започнал околу 02 часот по полноќ, по ди-џеј настап, а дискотеката била преполна, со маси поставени и во средината, што го отежнувало движењето.

Тој не забележал присуство на полиција, но слушнал дека од бината било соопштено дека полицајци влегле во некаква акција, без прекин на забавата. Наведе дека и во минатото во дискотеката се користеле пиротехнички средства, најчесто за специјални пригоди.

Настапот бил прекинат кога од бината било соопштено дека настанал пожар. Во првите моменти, како што рече, не забележал противпожарни апарати, но при излезот се разминал со Михајло кој влегувал со ПП апарат, а, според негово сознание, пожарот почнал да се гаси од бината.

„Немаше ознаки за евакуација. Почна паника, луѓето се удираа, паѓаа еден врз друг“, сведочеше Данаилов. Тој изјави дека паднал на скалите, каде нозете му биле приклештени од други лица, по што му помогнал припадник на обезбедувањето, Столе, кој го извлекол надвор.

По извлекувањето, Данаилов отишол до најблиската бензиска пумпа, купил вода и се вратил да им помага на повредените. Подоцна, како што рече, полицијата го обезбедила просторот кај хотел „Национал“ и го регулирала сообраќајот, без дозвола за повторен пристап до дискотеката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЧЕКУВАМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДЕКА МЕСТОТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е

25/11/2026
Македонија

ТРОЈЦА МАЖИ НАПАДНАЛЕ ЧОВЕК КОЈ ДРЖЕЛ ДЕТЕ ВО РАЦЕТЕ!? Притоа

25/11/2026
Македонија

ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА На планините нова снежна

25/11/2026
Македонија

ПРИЈАВИЛ ГРАНУЛАТИ, МУ НАШЛЕ 5.000 ШТЕКИ ЦИГАРИ Се бара притвор

25/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ СЕ РЕШАВААТ СО АКЦИСКИ ПЛАН

25/11/2026
Македонија

МАНИПУЛАЦИИТЕ СО АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВИ СЛУЖЕА САМО ЗА ДОЛГО ВЛЕДЕЕЊЕ

25/11/2026
Македонија

ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ „Ниту една повеќе“ во

25/11/2026
Македонија

ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат

24/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46921
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЧЕКУВАМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДЕКА МЕСТОТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ВО ЕУ Мицкоски вечерва во

25/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија е најдобра во испораката на реформи во рамки на реформскиот процес за членство во

ТРОЈЦА МАЖИ НАПАДНАЛЕ ЧОВЕК КОЈ ДРЖЕЛ ДЕТЕ ВО РАЦЕТЕ!? Притоа го повредиле и детето

25/11/2026

СВР Охрид поднесе кривична пријава против тројца жители на Битола, на возраст од 47, 22 и 25 години, поради постоење

ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА На планините нова снежна покривка

25/11/2026

Под влијание на циклонска активност, од вечерва до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи. Врнежите наместа ќе бидат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy