Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче на Националниот совет за евроинтеграции: „Властa ја стопира европската перспектива на земјата“
Македонија

Филипче на Националниот совет за евроинтеграции: „Властa ја стопира европската перспектива на земјата“

26/01/2026

AA

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на Националниот совет за евроинтеграции изрази загриженост за застојот на земјата на патот кон Европската Унија, истакнувајќи дека актуелната власт практикува политики кои ја оддалечуваат Северна Македонија од европските вредности.

„Оваа власт не сака Европа – сака контрола, капитал и изолација“, рече Филипче, додавајќи дека од половина мандатот не се спроведуваат реформите и препораките од извештаите на ЕУ. Тој истакна дека нема политичка волја за спроведување на уставните измени, кои се клучни за отворање на преговарачките кластери, а реформската агенда е практично непостапена.

Филипче потенцираше дека отвореното проруско влијание, сомнителниот капитал од странство и контролата на медиумите од блиски на странски лидери дополнително го отежнуваат европскиот пат на земјата. „Намерно сме ставени на маргините на Европската Унија“, рече тој, додавајќи дека антиевропските практики се видливи и во ограничувањето на слободата на говорот и влошувањето на односите со соседите.

На крајот, Филипче предупреди дека воведувањето на новиот електронски систем за превозници ќе има сериозни економски последици, со што граѓаните повторно ќе го платат цената на лошите владини политики.

„Ја прашувам оваа власт дали навистина сака чекор напред кон Европската Унија, бидејќи досегашното однесување покажува дека тоа не е случај“, заклучи Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот

05/09/2026
Македонија

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта,

05/09/2026
Македонија

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен –

05/09/2026
Македонија

Растот на БДП продолжува: Мицкоски очекува економијата годинава да порасне

05/09/2026
Македонија

Двајца вработени во „Национални шуми“ пријавени: Службени возила користеле за

05/09/2026
Македонија

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026
Македонија

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026
Македонија

По години чекање, се ослободува трасата кај мостот „Генерал Михајло

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45482
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот кај Грачани

05/09/2026

Жителите на Скопје повторно можат да почувствуваат мирис на чад, откако ветерот над Скопска Црна Гора го насочи чадот од

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта, пет се ставени под контрола

05/09/2026

Според последниот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) направен попладнево до 18:00 часот, противпожарните екипи ширум земјава се

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен – Ангелов: Силите се преморени

05/09/2026

Нова серија пожари денеска ја стави на сериозен тест противпожарната служба во земјава. На отворен простор се регистрирани повеќе од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy