Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сузбиена криминална група, приведени 10 лица
Македонија

Сузбиена криминална група, приведени 10 лица

02/03/2024

AA

Денеска (02.03.2024), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност, спроведе координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на неколку локации на територијата на Република Северна Македонија. Групата била инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана.

Имено, од октомври 2023 година кога започна акцијата преземени се повеќе оперативно-тактички мерки и активности за сузбивање на групата.  Денеска, полициските службеници од слобода лишиле 10 лица, од кои четири од Гевгелија, три од Струмица, две од Струга и едно лице од Демир Капија. Притоа, извршени се претреси на четири локации во Струмица, Струга, Гевгелија и Битола и обезбедени се материјални докази, односно пари и поголема количина на наркотична дрога која потекнува од правен субјект регистриран за извршување на дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија наменети за медицински цели.

Приведените лица ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, пронајдената дрога ќе биде дадена на вештачење, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 3  од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трагичен крај на потрагата во Гостиварско: Исчезнат овчар пронајден мртов

22/05/2026
Македонија

Поништена е јавната набавка за 150 електрични автобуси

22/05/2026
Македонија

Обид за шверц на дрога во „Идризово“: Жена скрила кокаин

22/05/2026
Македонија

Предупредувачки протест: Вработените во игрите на среќа се заканија со

22/05/2026
Македонија

Пронајден починат 63-годишен овчар кај Врапчиште – бил пријавен за

22/05/2026
Македонија

Идентификувана и четвртата жртва во трагедијата на обиколница, има 20

22/05/2026
Македонија

Нестабилно време за викендот: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер

22/05/2026
Македонија

Формирано Здружение на металурзи – експертите бараат науката да има

22/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43406
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагичен крај на потрагата во Гостиварско: Исчезнат овчар пронајден мртов

22/05/2026

Пронајдено телото на 63-годишниот маж По повеќечасовна интензивна потрага во која учествуваа полицијата, пожарникарите и локалното население, утрово е пронајдено

Поништена е јавната набавка за 150 електрични автобуси

22/05/2026

Детали за поништувањето на тендерот Државната комисија по жалби за јавни набавки, постапувајќи по службена должност, донесе одлука за поништување

Обид за шверц на дрога во „Идризово“: Жена скрила кокаин и марихуана во табли со

22/05/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 25-годишна жена, која се обидела да внесе поголема количина наркотици во казнено-поправната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy