Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судски совет во контрола на Струшкиот суд за да ги провери наводите за градоначалникот Рамиз Мерко
Македонија

Судски совет во контрола на Струшкиот суд за да ги провери наводите за градоначалникот Рамиз Мерко

21/06/2023

AA

Судскиот совет ќе формира комисија која во Основниот суд во Струга ќе направи контрола за да ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка, Анџела Агелер, кои вчера соопштија дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е ставен на црната листа на личности на САД поради сомневања дека се мешал во судски постапки.

-Судскиот совет ќе ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка и ќе формира комисија, која заедно со координаторот за овој суд од редот на членовите, ќе направи посета на овој Суд, за да може на лице место да направи контрола, вели портпаролката на Судски совет, Гордана Дувњак.

Таа информира дека во текот на минатата и оваа година имало 15 претставки од граѓани на Струга за работата на Струшкиот суд, додека Судскиот совет водел две постапки за судии од овој суд.

-Но, напоменувам дека во ниту еден случај не се доведуваат во врска со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, туку за конкретни предмети во кои се засегнати странките, истакнува Дувњак.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска претходно изјави дека ставањето на градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД, потврдува дека на нашиот истражен и правосуден систем му треба генерален ремонт. Во одговор на новинарско прашање, Ковачевски денеска од Виница упати критики до домашните истражни и правосудни органи што досега не успеале да дојдат до информации за струшкиот градоначалник.

Во врска со ова вицепремиерката Славица Грковска, пак, напиша дека пораките од меѓународните сојузници мора да бидат разбрани од домашните правосудни органи.

-Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда, порача вицепремиерката Грковска на Фејсбук.

Американската амбасадорка Агелер најави и нови имиња на листата покрај градоначалникот Рамиз Мерко, но не откри за кои лица се работи, само кажа дека се во процес на разгледување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три

18/02/2026
Македонија

Панчевски во контранапад: Кривична пријава за Советот на обвинители –

18/02/2026
Македонија

СНЕГ ДО КОЛЕНА НА ПОПОВА ШАПКА Северец дува со 60

18/02/2026
Македонија

ПОРАДИ ИЗЛЕВАЊЕ НА ВАРДАР ЗАТВОРЕН Е ПАТОТ ГОСТИВАР – СЕЛО

18/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41595
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три жени мета на измамници

18/02/2026

Серија измами го тресе Тиквешкиот регион. Три жени од Кавадарци и Неготино станаа жртви на добро познатите шеми со „лажни

Панчевски во контранапад: Кривична пријава за Советот на обвинители – „Ме одбија со небулозно оправдување

18/02/2026

Владимир Панчевски, кандидатот за државен јавен обвинител кој вчера не ја доби довербата од Советот на јавни обвинители, најави жесток

СНЕГ ДО КОЛЕНА НА ПОПОВА ШАПКА Северец дува со 60 км на час и го

18/02/2026

Попова Шапка утрово се разбуди со Дебела снежна покривка и со најниска температура во државава. Во 7 часот биле измерени

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy