Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СНЕГ ДО КОЛЕНА НА ПОПОВА ШАПКА Северец дува со 60 км на час и го лади Повардарието
Македонија

СНЕГ ДО КОЛЕНА НА ПОПОВА ШАПКА Северец дува со 60 км на час и го лади Повардарието

18/02/2026

AA

Попова Шапка утрово се разбуди со Дебела снежна покривка и со најниска температура во државава. Во 7 часот биле измерени -8 степени и 97 сантиметри снег.

По неа следуваат Крушево и Маврови Анови со -4 степени. Берово и Претор бележат -1. Нула степени се измерени во Крива Паланка, Охрид, Битола и во Прилеп. Штип и Виница имаат 2 степени. Тетово, Куманово и Струмица 3. Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Демир Капија 4 степени. Скопје-Петровец и Велес 5, а најтопло е во Гевгелија со 6 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Струмица, 13 литри на метар квадратен. Во Берово се измерени 11. Претор и Гевгелија имаат по 8. Демир Капија 7. Битола 6. Тетово, Пожаране и Крушево по 5. Прилеп 4. Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Виница и Ѓуриште по 3. Скопје-Зајчев Рид, Велес и Охрид по 2. Кавадарци и Маврови Анови по 1 литар на метар квадратен.

Снежна покривка има и во Маврови Анови, 3 сантиметри. Во Берово 2. Во Ѓуриште 1 сантиметар.

Управата за хидрометеоролошки работи најави сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално над 60 km/h. Особено по должината на Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе се движи од 3 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северец, најизразен претпладне. Температурата ќе достигне до 9 степени.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три активни пожари во Македонија, вкупно регистрирани 12

25/07/2026
Македонија

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Општината згрижи млади штркови по невремето,

25/07/2026
Македонија

ПО НЕЗАПАМЕТЕНОТО НЕВРЕМЕ: Штетите во Штип и Пробиштип се бројат

25/07/2026
Македонија

Клековски на увид во Лешок: Проблемот со водатата трае речиси

25/07/2026
Македонија

САБОТАЖА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА: Украдени бакарни делови, штетата е огромна –

25/07/2026
Македонија

ПОГЛЕД КОН МЕСЕЧИНАТА: Вечерва јавно астрономско набљудување на плоштадот „Македонија“

25/07/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ НА ТЕРЕН: Епидемијата во Гостивар се смирува, во

25/07/2026
Македонија

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп осомничен за примање

25/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44656
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три активни пожари во Македонија, вкупно регистрирани 12

25/07/2026

На ден 25.07.2026 година, до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Општината згрижи млади штркови по невремето, се планира изградба на посебен

25/07/2026

По силното невреме што неодамна ја зафати Општина Чешиново-Облешево, локалната самоуправа презеде итна акција за спасување на симболот на овој

ПО НЕЗАПАМЕТЕНОТО НЕВРЕМЕ: Штетите во Штип и Пробиштип се бројат во милиони денари, над 100

25/07/2026

Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански ветар со брзина од 134 километри на час остави зад себе сериозни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy