Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Секој доктор, од породувањето до излегувањето од таа болница, е одговорен што останав без органи, рече Веапоска
Македонија

Секој доктор, од породувањето до излегувањето од таа болница, е одговорен што останав без органи, рече Веапоска

21/06/2023

AA

Денеска во Основниот суд во Струга продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, Јелдаз Веапоска, која при породувањето во 2020 остана без бубрег, матка и јајник.

На распит беа судските вештаци од Институтот за судска медицина, кои одговарајќи на вкрстеното испрашување на обвинителството и одбраната за начинот на кој била оштетена бубрежната артерија при изведувањето на царскиот рез, потенцираа дека станува збор за оштетување, а не за пресекување, а причината за оштетувањето е непозната.

Според нив, во наодот стои дека има оштетување без детален опис и не можат да се изјаснат како настанало.

„Во описот не е спомената аневризма, која може да се утврди со голо око. Во нашето мислење не се осврнуваме како постапка на несовесност, туку на периодот од следните четири дена, кога не е поставена дијагноза и не е утврден изворот на крвавењето. Ние наведуваме дека постојат причинско-последична врска во начинот на лекувањето и пропуст да се преземат мерки за да се утврди причината за крвавењето. Има дијагностички процедури, можело со ехо ултразвук на стомакот да се види од каде е крвавењето“, рекоа вештаците.

Веапоска и ги потсети дека покрај бубрегот, неа и се извадени уште два органа, односно и матката за која воопшто не се зборувало зошто е извадена и зошто не може да има деца, како и за тоа како е оштетен јајникот.

Таа додаде дека за нејзината состојба виновен е целиот персонал кој бил ангажиран за нејзиното породување.

„Секој доктор, од породувањето до излегувањето од таа болница, е одговорен“, изјави Веапоска.

Адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев, кажа дека и покрај тоа што вината ја утврдува судот, според содржината на вештачењето можел да се претпостави исходот на оваа постапка.

Според него, во вештачењето стоело дека товарот на несовесното лекување паѓа на сите учесници.

„Во самото вештачење се зборува за гинеколозите, анестезиолозите, за сите учесници. Имињата и презимињата на сите нив се во самиот обвинителен акт. Што се однесува до мене, би ги ставил сите од Струшката болница на обвинителна клупа. Да влезете сосема здрав и прав и да излезете без три органи, треба сите кои придонеле да одговараат за тоа“, додаде Јанев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45712
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници е јасен, СДСМ ја замајува

21/09/2026

Со измените во Законот за пратеници се забранува пратеник да има двојно државјанство, такашто лагите на СДСМ се демантираат. СДСМ

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy