Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СУДОТ ОДОБРИ ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ФФМ Самоволно уплатил аванс од 660.000 евра за изградба на трибини, иако изведувачот не го барал тоа
Македонија

СУДОТ ОДОБРИ ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ФФМ Самоволно уплатил аванс од 660.000 евра за изградба на трибини, иако изведувачот не го барал тоа

23/04/2026

AA

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Мети Сејдини, поради основано сомнение дека сторил кривично дело Проневера во службата, од член 354 став 3 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

„Осомничениот, во периодот од ноември до декември 2024 година, како службено лице, претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660.000 евра за правно лице од Скопје, односно износ што надминува значителна имотна корист. Сомненијата укажуваат дека делото е извршено така што ФФМ, како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични средства за ревитализација на спортски терени и за инфраскруктура. Со финансиската поддршка од УЕФА во рамките на програмата „HatTrick VI”, осомничениот почнал постапка за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид и дал предлог за почнување постапка за избор на компанија за реализација на проектот. По одобрување од Управниот одбор, осомничениот поднел барање до 3 фирми за понуди за изградба на трибината на стадионот. Била избрана најповолна понуда за изградба во вкупен износ од околу 3,3 милиони евра без ДДВ“, соопшти Јавното обвинителство.

Иако изведувачот тоа не го побарал, се додава, ниту во барањата за доставување понуди било наведено како можност, осомничениот спротивно на одлуката на Управниот одбор, вметнал дополнителен услов во склучениот договор со избраната фирма, со кој предвидел авансна уплата во износ од 20% од вкупната вредност на договорот пред почнување на градежните работи и без какво било претходно постапување од изведувачот. Притоа не предвидел никакво правно обезбедување за уплатените средства на име аванс.

„Го потпишал таквиот договор и на 17.12.2024 година паричните средства во износ од околу 660.000 евра кои му биле доверени во службата, со негов налог до службите за исплата авансно ги префрлил на правното лице“, соопшти Обвинителството.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постои оправдан страв дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Кривичниот суд донесе решение со кое на Сејдини му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

„Судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази во текот на постапката. Судот ќе продолжи да постапува согласно законските надлежности и во интерес на ефикасно и законито водење на постапката“, соопшти Кривичниот суд.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy