![Субјективно подобрена состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/05/fico-850x560.webp)
Субјективно подобрена состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо
Лекарскиот тим кој се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо по минатонеделниот атентат денес потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката влада. Фицо се лекува во болницата Рузвелт во Банска Бистрица, јави ТАСР. Фицо минатата среда беше застрелан од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.